Овие згодни мажи од Тексас на необичен начин им помагаат на напуштените кучиња да најдат нов дом
Фотографот Рики Бисон од Тексас веќе неколку години фотографира згодни пожарникари, полицајци и војници заедно со напуштени кучиња кои бараат дом.
Најдобрите фотографии ги објавува во годишен календар познат како „Heartthrobs And Hound Dogs“ и сите собрани пари од продажбата ги донира на засолништа за животни.
Неверојатно е тоа што сите овие прекрасни мажи со совршени тела не се професионални модели, туку обични полицајци, пожарникари и војници.
Проектот е многу популарен и авторот се надева дека и понатаму ќе продолжи да ја спроведува неговата важна мисија.
Понекогаш кучињата наоѓаат дом уште пред да биде објавен календарот. Според Рики, сите мажи кои учествуваат во проектот се големи љубители на кучиња. Некои од нив и самите посвоиле куче.
Иако Рики се соочил со некои мали предизвици, целиот процес на фотографирање бил неверојатно забавен. Некои од кучињата имале толку многу енергија што не можеле да седат мирни ниту за момент.
„Главната цел е да се стават уличните кучиња во центарот на вниманието и да се покаже дека и тие се исто толку неверојатни колку и секое друго куче, исто толку прекрасни и мили.“
Но, исто така поентата е да се истакнат нашите полицајци, војници и пожарникари кои ѝ служат на државата и нашите градови. И покрај тоа, тие наоѓаат време да се вклучат во ваков проект. Овие мажи се бореле за нашата земја, ги спасиле нашите сакани од пожар и се грижат за тоа нашите улици да бидат безбедни. Имаат и лузни кои се доказ за сето тоа. Тие не се модели или актери. Овие мажи се херои од вистинскиот живот“, објаснува Рики Бисон.