Овие нешта можат да ги разберат само вистинските зависници од Инстаграм
Сега можете да проверите и дали сте станале зависни од оваа социјална мрежа. Добрата вест е дека не сте единствени – многумина патат од оваа модерна болест, а доколку навистина сте станале зависни од Инстаграм, ќе се препознаете во следниве однесувања…
1. Потребни ви се 100 години за да ја изберете вистинската фотографија
Иако ова нема никогаш јавно да го признаете, последниот саат сте го потрошиле на избирање совршена фотографија за вашиот профил. Разликата била во нијансите, па било тешко да одлучите.
2. Потребни ви се уште 100 години за да изберете филтер
После фотографијата, доаѓа филтерот. X-pro II секогаш изгледа добро, но на оваа фотографија одлично изгледаат и Slumber и Valencia. Хм…
3. Ја јадете храната изладена
Прво треба убаво да го наместите тоа што сте го зготвиле, потоа да додадете неколку кујнски елементи околу чинијата, да го фотографирате јадењето од најдобриот агол, да изберете фотографија, па филтер и дури потоа можете да започнете со јадењето.
4. Го чекате вистинското време за објава
Не сте сигурни колку луѓе разгледуваат фотографии на Инстаграм за време на ручекот. Затоа секогаш е најдобро фотографиите да ги објавувате или рано наутро, за останатите да ги видат веднаш штом се разбудат, или навечер, пред спиење.
5. Секогаш сте во потрага по Wi-Fi зона
Ако немате Интернет, немате ни Инстаграм. Ова особено важи за патувањата, од кои веднаш треба да објавите фотографија.
6. Мислите дека сѐ мора да биде на Инстаграм
Ако не е на Инстаграм, исто како да не се случило. Немаме ништо против занимливите објави на секојдневна база, но експертите го тврдат следното: Повеќе од 2 фотографии дневно е премногу.