Овие нешта можат да ги разберат само оние кои се екстремно мрзливи

Овие нешта можат да ги разберат само оние кои се екстремно мрзливи

Колку пати ви се случило да останете дома наместо да излезете со пријателите само затоа што сте немале чиста облека бидејќи претходно ве мрзело да пуштите машина за перење алишта? Или пак, колку пати сте гледале нешто досадно на телевизија само затоа што ве мрзело да станете за далечинскиот управувач? Се пронајдовте? Продолжете со читање…

Овие нешта можат да ги разберат само оние кои се екстремно мрзливи

1. Многу често наместо целосен одговор на поставеното прашање вие одговарате само со „мхм“ без дополнително објаснување.

2. Доколку направите грешка на почетокот од реченицата, ја бришете целата реченица и почнувате од почеток бидејќи тоа ви е полесно отколку со маусот да ја одберете грешната буква.

3. Пуштањето машина за перење алишта ви служи како крајна опција. Вие се потпирате на моќта на парфемите и дезодорансите со цел да го одложите неизбежното. Да, ви се случило да купите нови чорапи, наместо да ги исперете оние кои веќе сте ги носеле.

4. Понекогаш треба да бидете креативни кога станува збор за вашата исхрана. Токму затоа научивте дека и лажицата може да послужи како добра замена за ножот за мачкање на вашиот тост со маргарин.

5. Не станувате од кревет сè додека не притиснете барем 3 пати на копчето „снуз“. Утрата се вашиот најлош момент од денот.

6. Вие успевате да најдете „скратен пат“ во сите аспекти од вашата работа. Ова е всушност генијално.

7. Трошите многу повеќе пари на оброци во ресторан, отколку што би трошеле доколку би готвеле, бидејќи кој друг сам си готви храна освен оние кои се на Пинтерест?

8. Во сите честитки за родендени имате вклучено „Жал ми е што доцнам“. Но, подобро подоцна отколку никогаш, нели?

9. Вежбањето едноставно не е за вас. Луѓето кои „обожаваат да вежбаат“ ви се многу збунувачки и ве плашат. Знаете што друго помага при создавањето ендорфини? Јадење Нутела со лажичка.

10. Понекогаш се преправате дека сте заборавиле нечиј роденден само затоа што ве мрзело да чекате ред во продавница за подарок.

11. Ладната пица е најдобрата пица! Бидејќи сте премногу мрзливи да ја згреете во микробранова печка.

12. Им ставате само „фејв“ на одговорите на вашите твитови бидејќи не сакате да влезете во дискусија со оној кој ви пишал.

13. Вие сте силен верник во редовните дремки. И не дај Боже некој да ве разбуди додека спиете…

14. Вие обожавате да сте сингл бидејќи задолжителната интеракција со спротивниот пол бара многу труд.

15. Кога луѓето ќе ви откажат некој план кој вклучува излегување од вашиот дом, вие сте потајно среќни бидејќи ќе го поминете денот во дружење со вашиот кауч.

16. Вие често ја носите маскарата од претходниот ден и ретко ставате повеќе шминка на вашето лице.

17. Ретко одите во клуб. Која е поентата да стоите на нозе цела вечер?

18. Го направивте незамисливото и јадевте помфрит без кечап бидејќи сфативте дека сте го заборавиле истиот момент кога седнавте на масата.

19. Не се облекувате освен ако ептен морате. Исто така целата ваша облека е на подот бидејќи на тој начин имате подобра прегледност кон она што го поседувате.

20. Го намалувате светлото на екранот од лаптопот со цел да заштедите батерија и да не мора да станете по полначот.

21. Многу често гледате нешто што не ви се допаѓа на ТВ само затоа што далечинскиот управувач е неколку сантиметри вон вашиот дофат. Можеби сепак би можеле да научите нешто од таа документарна емисија за моржовите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. mrzaaa Reply

    hah do polovina se tocni za mene, podolu me mrzi da citam nesto 😀 😀

Остави коментар