Овие научни факти ќе ве остават тотално зачудени
Друга Земја? Држава поголема од Плутон? Чудната анатомија на коалите? Ќе се зачудите од овие луди факти за нешта кои не сте ни помислиле дека е можно да постојат.
1. Постојат планети кои немаат сонца
„Непријателските планети“ (исто така познати и како меѓуѕвездени, номадски, слободно лебдечки, и планети-сирачиња) се планети кои лебдат во универзумот, неповрзани кон ниеден сончев систем.
2. Порано постоеле огромни вилински коњчиња
Овие вилински коњчиња кои зуеле пред околу 300 милиони години, биле големи отприлика колку галебите, а распонот на крилјата им достигнувал до 65 сантиметри. Инсектите вообичаено не може да се толку големи, па затоа научниците сè уште се обидуваат да откријат како овие успеале во тоа.
3. Пред неколку милиони години деновите траеле пократко, а тоа било поради Месечината
Поради промената во дистанцата помеѓу нашата планета и Месечината, Земјината ротација се забавува. Порано Земјата вртела многу побрзо околу својата орбита, што предизвикувало деновите да бидат пократки. Веројатно имало 385 дена во годината, при што денот траел помалку од 23 часа. И да, постојат геолошки докази кои го поддржуваат ова.
4. Марихуаната ни помогнала да откриеме сосема нов систем во човековото тело
Во човековиот мозок постои т.н. ендоканабиноиден систем, a состојката во канабисот ТХЦ (тетрахидроканабинол) цели кон него. Овој систем влијае врз расположението и апетитот, што ги прави работите појасни.
5. Многу портокали се вештачки портокалови
Разни видови портокали кои растат околу екваторот, всушност се зелени, дури и кога се потполно созреани. Но бидејќи потрошувачите ги сакаат портокалите портокалови, овошјето се изложува на гасот етилен, кој се произведува кога овошјата созреваат. Ова го пробива хлорофилот и предизвикува овошјето да ги покаже своите портокалови пигменти.
6. Огнените вртлози се многу слични на водните
Спиралните ветрови можат да подигнат пламен, исто како и вода, но резултатот од тоа ќе биде огнено торнадо наместо разбликан гејзир.
7. Највисокиот рид се наоѓа на една од Урановите месечини
Највисокиот рид по име Верона Рупес е лоциран на месечината на Уран, Миранда. Се проценува дека овој рид е висок 5 до 10 километри, што за споредба е за 10 пати повеќе од длабочината на Големиот кањон. Поради малата гравитација на Миранда, паѓањето од врвот до дното би траело 12 минути.
8. Aстероидот не мора да удри во планетата за да предизвика масовна штета
Во 1908 година, астероид удрил во Земјината атмосфера над централна Русија. Се распарчил на 8,5 километри над површината, но неговиот ударен бран носел енергија од околу 150 атомски бомби како оние што биле фрлени во Хирошима. Уништил 2.000 метри квадратни од Сибериската шума.
9. Сите планети од Сончевиот систем може да ги собере помеѓу Земјата и Месечината
Колективните дијаметри на планетите од нашиот сончев систем изнесуваат околу 376.369 километри, што е многу. За да стигнете до Месечината, треба да патувате 384.955 километри, што е уште повеќе.
10. Средоземното море за малку ќе пресушело
Пред околу 5,3 милиони години, Медитеранот бил потполно отсечен од останатите океани како резултат на тектонски промени и поради тоа почнал да испарува. Но кога се отворил Гибралтарскиот проток, Атлантикот почнал да се излева во Средоземниот базен предизвикувајќи катаклизмичен настан наречен Занклинска поплава.