Овие 5 волшебни дестинации во Индија привлекуваат најмногу туристи

Овие 5 волшебни дестинации во Индија привлекуваат најмногу туристи

Индија е седма земја по големина во светот и крие неверојатен број на атрактивни дестинации за туристите. Најинтересните решивме да ги споделиме со вас.

1. Градот Агра

Градот Агра е привлечен бидејќи во него се наоѓа најпознатото ремек-дело на могулската архитектура – мавзолејот на Таџ Махал. Овој симбол на Индија е волшебен во секое време од денот, а колку е привлечен за туристите докажува и фактот дека на Инстаграм веќе има 1,5 милиони фотографии под ознаката #tajmahal.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de brwnseries (@brwnseries) el

2. Градот Џазалмер

Златниот град или Џазалмер е сместен во средината на пустината Тар, во близина на границата со Пакистан. Главната атракција за туристите е јавањето на камилите што е одличен начин за истражување на градот.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Garh Rajputana Camps (@garhrajputanacamps) el

3. Градот Амрицар

Под нормални околности, градот Амритсар привлекува до 100 000 посетители на ден, сето тоа поради главниот храм на Сиките, кој храни до 60 000 посетители на ден, без оглед на нивната религија или боја на кожа. Ова е една од најскапите згради во Индија и уште се нарекува и златен храм.

Овие 5 волшебни дестинации во Индија привлекуваат најмногу туристи

4. Варанаси или Бенарес

Ова место се смета за најсветото место за хиндуистички аџилаци. Повеќе од милион аџии го посетуваат во текот на целата година и тие веруваат дека капењето во Ганг и Варанаси им помага на луѓето да ги „измијат“ своите гревови. Голем број луѓе го посетуваат овој град секоја година за да ги кремираат своите најблиски.

Овие 5 волшебни дестинации во Индија привлекуваат најмногу туристи

5. Дарамсала, седиштето на Далај Лама

Откако Далај Лама беше протеран од Тибет во 1959 година, тој се пресели во Дарамсала. Ова место е совршено за проучување на тибетскиот будизам, бидејќи тука се наоѓа тибетската населба МакЛеод Гањ.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de DENYZEE ✌🏼 (@denyzee_) el

Можеби ќе ве интересира и кои се најубавите села во Шпанија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар