Овие 4 загатки ќе ја тестираат вашата моќ за забележување детали

Овие 4 загатки ќе ја тестираат вашата моќ за забележување детали

Најдобрите загатки се оние што вклучуваат секојдневни предмети, идеи или настани и бараат од нас да ги набљудуваме на начини на кои никогаш претходно не сме правеле. Токму затоа и денес ви подготвивме 4 забавни и наизглед едноставни загатки што ќе бидат вистински предизвик дури и за најискусните! Наместете се удобно, концентрирајте се и фрлете се на решавање.

1. Пукање и преживување

Во петок вечер, Роберт отишол во кино за да гледа филм со својот омилен актер. За жал, филмот бил многу здодевен. Разочаран, отишол во тоалет и откако проверил дека е празен, пукнал со револверот меѓу своите очи. По 5 минути, излегол од тоалетот и отишол дома жив.

Како го преживеал пукањето?

  • Одговор:

    Роберт пукал во својот одраз во огледалото.

2. Пожар во шума

Двајца пријатели, Џејмс и Мајкл, пешачеле низ многу сува шума кога забележале како им се приближува оган. Од другата страна се наоѓала огромна планина на која било невозможно да се искачат за да избегаат од пожарот. Ветрот го носел огнот накај нив и според нив, тој би ги стигнал во текот на денот. Но, Мајкл го уверил Џејмс дека нема да умрат, и тоа само затоа што зел кутија со чкорчиња, колачиња и доволно вода за да го преживеат денот.

Каков е планот за бегство на Мајкл?

  • Одговор:

    За шумските пожари да се шират потребни се дрвја, грмушки или трева. Со помош на кибритчињата тие можат да почнат пожар во близина на карпата. Ветрот ќе го насочи огнот кон карпата и ќе ја изгори целата вегетација во околината. Потоа, тие можат да побараат засолниште во изгорената област.

3. Читање во мрак

Џејмс и неговата жена, Марија, седеле во нивната дневна соба. Додека Џејмс гледал телевизија, Марија читала. Околу 23 часот, одеднаш снемало струја, па Џејмс отишол на спиење а Марија продолжила да чита.

Без светло во собата, како можела Марија да чита?

  • Одговор:

    Марија може да чита бидејќи е слепа и ја користи Брајовата азбука.

4. Маж во црно

Маж со темна кожа, црна коса и црна облека стоел на пат без улично осветлување. Човекот што го возел автомобилот што се движел по овој пат без вклучени фарови, одеднаш стиснал на кочниците и застанал неколку секунди пред да го удри човекот.

Без улично светло и вклучени фарови, како возачот на автомобилот го видел човекот?

  • Одговор:

    Возачот го видел бидејќи било ден, а не ноќ.

Пробајте да ги решите и овие 12 интересни загатки кои се одлична вежба за вашиот мозок!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар