Овие 4 фрази имаат моќ целосно да ни го променат животот

Овие 4 фрази имаат моќ целосно да ни го променат животот

Зборовите се многу моќни. Тие можат да го издигнат човекот до небото, но и да го фрлат на самото дно. Тие можат да нè одведат до целта, но и да го забават нашиот напредок. Имајќи го тоа на ум, постојат неколку зборови кои треба да ги исфрлиме од нашиот секојдневен речник не затоа што сами по себе се лоши, туку затоа што со самото нивно користење тие деструктивно влијаат на нашето ментално здравје и личниот напредок.

Овие 4 фрази имаат моќ да ни го променат мозокот

„Стапчињата и камењата можат да ни ги скршат коските, но зборовите можат да ни го променат мозокот“, вели Белинда Андерсон, животен тренер и инструктор за духовни вежби.

Во продолжение прочитајте кои од фразите кои секојдневно ги употребуваме нè кочат во нашиот пат кон среќата и успехот.

1. Би требало

Овие 4 фрази имаат моќ да ни го променат мозокот

Колку пати во денот ја повторуваме оваа фраза, само за потоа да се чувствуваме виновни кога нешто нема да го направиме?

„Наместо тоа, треба да практикуваме да велиме: ‘Планирам да одам на трчање.’ Ако тоа денес не го направите, тогаш ќе ви пропадне само тој план, а не она што ‘би требало’ да го направите“, вели Андерсон.

2. Никогаш

Овие 4 фрази имаат моќ да ни го променат мозокот

„Никогаш не велете никогаш“ е стара поговорка на која многупати се потсетуваме. Но, зборот „никогаш“ е една од главните пречки во нашиот личен напредок.

„Никогаш нема да ослабам или никогаш нема да се здебелам. Со ваквиот став веројатно и нема да ги остварите своите цели, бидејќи веќе од самиот почеток сте се осудиле на пораз“, вели психологот Кејт Каминс.

3. Изгубен случај

Овие 4 фрази имаат моќ да ни го променат мозокот

„Ако понекогаш се нарекувате себеси изгубен случај, тогаш сигурно ќе забележите и дека навистина почнуваат да ви се случуваат негативни работи. Моќта на позитивното размислување е премногу голема, па затоа наместо ‘Јас не можам’, треба зборовите да ги составуваме на следниов начин: „Јас можам и сакам…“, вели Каминс.

Имајте на ум дека вие не треба да се стремите кон совршенството, бидејќи така сигурно само ќе се разочарате. Поставувајте си помали цели, а кога ќе ги достигнете и исполните, ќе се наполните со онолку самодоверба колку што е потребно за да увидите дека можете да направите многу повеќе од тоа што сте мислеле.

4. Имам среќа

Овие 4 фрази имаат моќ да ни го променат мозокот

Има такви кои се родени „под среќна ѕвезда“ и оние кои биле во последните редови кога се делела среќата. Сепак, немојте постојано да го обвинувате недостатокот на среќа за вашите порази. За да бидете среќни и задоволни во животот, потребно е во него да вложите и малку труд. Нема сѐ да падне од небото, но дури и ако падне, тогаш сигурно нема да трае вечно. Немојте да се ослонувате на среќата или несреќата и станете сами свои кројачи на судбината. Кога ќе станете свесни дека само вие можете да влијаете на својот живот, а не да чекате среќата да ве прегрне, ќе бидете помалку разочарани и ќе знаете како да ги држите сите конци во своите раце.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини