Овие 14 нешта можат да ги сфатат само ниските девојки кои сакаат високи момци
Паровите кои се состојат од многу ниска девојка и многу високо момче секогаш се издвојуваат од останатите. Тие најчесто мора да се соочуваат со проблеми кои останатите воопшто не знаат ни дека постојат, додека пак истовремено уживаат и во придобивки за кои другите можат само да сонуваат – како на пример, совршениот бакнеж во чело. Па, погледнете ги следниве 14 нешта кои само ниските девојки кои сакаат високи момци можат да ги сфатат…
1. За бакнежот треба труд – Вие треба да застанете на вашиот прсти и да се исправите што е можно повеќе за да можете да го бакнете.
2. Бакнежите во чело се незаборавни – Од друга страна пак, тој има совршен агол за лесно да ве бакне во чело.
3. Вашите заеднички фотографии се малку чудни – Понекогаш ви е потребно многу време да ја најдете најдобрата позиција, но дури и тогаш тие изгледаат чудно. Особено ако станува збор за селфи.
4. Секогаш сте главна тема за озборување – Луѓето постојано коментираат за разликите во вашата висина и како им изгледате на останатите од страна.
5. Вие постојано заборавате на разликата во вашата висина – Вие заборавате колку е тој навистина висок бидејќи од ваша перспектива, дури и оние со просечна висина се многу високи.
6. Тој воопшто не ве доживува како многу ниска девојка – За него вие сте сосема нормални, најмногу затоа што повеќето од времето го поминувате седејќи или лежејќи еден покрај друг.
7. Единственото време кога можете да го видите неговото лице е кога седите покрај него – Тоа е единствениот начин да погледнете во неговите очи од оваа перспектива.
8. Тој може во секое време да ве носи во раце – Без да вложи никаков труд.
9. Тој е секогаш тука да помогне – За вас тој е херој, бидејќи во секое време е тука да ви ги подаде оние нешта кои вие не можете да ги дофатите во вашата кујна.
10. Дури и да сакате, не можете да ја позајмите неговата облека – Ако облечете нешто негово, вие едноставно ќе се изгубите во материјалот. Исто така никогаш нема да можете да изгледате секси во неговата кошула, бидејќи делувате како да „пливате“ во неа.
11. Прегратките се совршени – Бидејќи тој може целосно да ве прегрне со целото свое тело.
12. Споделувањето е лесно – Не мора да се грижите дека тој ќе го преземе целото ќебе бидејќи вашите нозе лесно ги собира дури и под најмалото ќоше.
13. Не постои место каде што не можете да го прегрнете – Бидејќи сте многу ниски, ве собира секаде, па многу лесно можете да се сместите покрај него без разлика дали станува збор за фотелја, столче во ресторан за брза храна или седиште во автомобил.
14. Вие сте пар од соништата – Ако добро размислите, вашата разлика во висината е совршена. Како инаку би можеле да добивате толку добри прегратки?