Оваа жена се тетовирала цели 7 часа, но со добра причина!

Оваа жена се тетовирала цели 7 часа, но со добра причина!

Моли Ортвајн е 47-годишна жена која го победила ракот на дојките. Како и кај многу други пациенти, операцијата ѝ оставила лузни кои секојдневно ја потсетувале на болното искуство. Но, таа не сакала да се помири, сакала повторно да си го засака телото, па пронашла добар начин да ги разубави своите гради – со тетоважи. Моли решила дека наместо лузните кои секојдневно сведочеле за нејзината битка со болеста сака да направи нешто радикално и исцелувачко. Моли имала двојна мастектомија, што значи дека двете дојки ѝ биле отстранети. Затоа ги прекрила со прекрасни цветни орнаменти. Целата процедура траела неверојатни 7 часа, и како што таа вели, едвај чека да излезе на плажа топлес.

1-ovaa-zhena-se-tetovirala-celi-7-chasa-no-so-dobra-prichina-kafepauza.mk2-ovaa-zhena-se-tetovirala-celi-7-chasa-no-so-dobra-prichina-kafepauza.mk3-ovaa-zhena-se-tetovirala-celi-7-chasa-no-so-dobra-prichina-kafepauza.mk4-ovaa-zhena-se-tetovirala-celi-7-chasa-no-so-dobra-prichina-kafepauza.mk5-ovaa-zhena-se-tetovirala-celi-7-chasa-no-so-dobra-prichina-kafepauza.mk6-ovaa-zhena-se-tetovirala-celi-7-chasa-no-so-dobra-prichina-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар