Оваа жена прави бесплатни тетоважи со кои ги крие лузните од насилство и злоупотреба
Лузните можат да бидат долготрајни потсетници на злоупотребата, па токму затоа артистката за тетоважи, Флавија Карвало, решила да преземе нешто во поглед на тоа. Нејзиниот проект „A Pele da Flor“ (Кожата на цвеќето) вклучува бесплатни тетоважи за жени кои биле повредени. Две години досега таа им помагала на различни жени да ги прекријат своите лузни од ножеви и куршуми, како и мастектомии. Таа ги трансформира овие непријатни моменти во алатки за моќ и убавина.
„Го започнав овој проект неодамна и не знаев дека ќе добие толку големо внимание во медиумите. Сè започна многу спонтано. Како што реков, моите услуги се 100% волонтерски и единственото нешто кое жените треба да го ‘вложат’ е одбирање на дизајнот за нивните тетоважи!“ – вели таа.