Оваа жена ја добила својата „Пепелашка“ приказна, но со неочекуван пресврт!

Оваа жена ја добила својата „Пепелашка“ приказна, но со неочекуван пресврт!

Многумина од нас се несигурни за своите тела, барем во одреден период од животот. Некои не ја сакаат формата на носот, некои се многу чувствителни за акните што им го декорираат лицето, додека пак, трети не го сакаат изгледот на своите нозе… Оваа листа е бескрајна. И кога станува збор за прифаќање на одредени недостатоци на телото, некои имаат поголем проблем од други бидејќи се соочуваат со здравствени проблеми кои им отежнуваат да се прифатат онакви какви што навистина се. Токму тоа и бил случајот со Менди Прсли, која успеала да го пронајде најубавиот начин да си помогне да се прифати себеси и да го прослави својот хендикеп.

Во денешно време, многу е лесно да најдеме луѓе како нас и да се поврземе со нив преку социјалните мрежи. Ова ни помага полесно да се справиме и да се прифатиме себеси. Но, тоа не бил случајот со Менди бидејќи додека растела не гледала луѓе како неа во медиумите. Таа дури не ни познавала некој со истата или слична состојба. Ова направило да ѝ биде многу тешко да ги прифати своите физички разлики.

Сепак, со тек на време таа успеала. Затоа и со поддршката на својот сопруг Рајан, кој се претворил во шармантниот принц, таа ја создала оваа прекрасна фотосесија каде што се трансформирала во Пепелашка. Но, наместо стаклена чевличка, таа добила стаклена рака! Погледнете ги фотографиите и потсетете се дека ништо не е невозможно кога станува збор за нашето тело и дека ние сме најсреќни кога се сакаме во целост, токму такви какви што сме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар