Оваа жена ги трансформира нападно нашминканите кукли давајќи им природен, детски изглед

Оваа жена ги трансформира нападно нашминканите кукли давајќи им природен, детски изглед

Артистката и научник Соња Синг има навистина интересно хоби кое во периодов го освои интернетот. Таа едноставно сакала да им даде нов живот на старите и отфрлени кукли со поприроден изглед и никогаш не замислувала дека нејзината работа ќе крене олку бука.

(1) Оваа жена ги трансформира нападно нашминканите кукли давајќи им природен, детски изглед

Куклите, кои најчесто се од компанијата „Bratz“, таа ги купувала половно и потоа целосно го менувала нивниот изглед. Нападната шминка била целосно отстранета, а со тоа тие добивале и помладешки лик, додека нивната облека била плетена од страна на мајка ѝ. Таа смета дека овој изглед би бил многу посоодветен за малите девојчиња.

(2) Оваа жена ги трансформира нападно нашминканите кукли давајќи им природен, детски изглед

„Тие се сигурно пофини за играње “, вели едно девојче во видеото додека ја плете косата на една од овие трансформирани кукли. „Можете да помислите дека тие се на иста возраст како вас.“

И тоа сосема има смисла. Погледнете го целото видео кое ќе ви ја покаже моќта на работата која ја прави оваа жена…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар