Оваа загатка е полесна за децата отколку за возрасните: Дали вие ќе успеете да ја решите?
Доколку сакате да станете дел од најновата загатка која го размрда целиот Интернет, тогаш време е да размислувате како дете. Каналот „National Geographic“ поставил прашање кое изгледа е многу полесно за децата отколку за возрасните. Погледнете го овој цртеж од еден школски автобус и размислете, на која страна се движи тој?
Според каналот, 80% од децата под 10-годишна возраст одговориле точно без размислување и се воделе од здрав разум и едноставна логика. Но, изгледа тоа е малку потешко за возрасните. Со цел да се реши оваа загатка, треба да ги имате во предвид следниве фактори:
1. Каде се вратите? Дали ова е некој вид футуристички автобус каде што луѓето се телепортираат внатре како во „Ѕвездени патеки“? Секако дека не. Едноставната логика ни кажува дека вратите се од другата страна на автобусот. Господин Спок би бил задоволен со овој заклучок.
2. Сега размислете на која страна од патот се наоѓа автобусот. Со оглед на тоа што во поголемиот дел од светот се вози на десната страна, ние слободно можеме да заклучиме дека тој се наоѓа токму таму. А сега поставете го шоферот. Дали воопшто го има? Да се надеваме, бидејќи во спротивно сите кои се возат во овој автобус се осудени на пропаст. Со оглед на тоа што автобусот се наоѓа од десната страна на патот, можеме слободно да замислиме дека шоферот е на левата.
3. Следно, да претпоставиме дека овој автобус бил создаден според општите стандарди и дека седиштето на шоферот е напред. Бидејќи тој е од левата страна, која е од напред, тогаш можеме да претпоставиме дека овој автобус се движи кон лево.
Секако, ако се наоѓате во Велика Британија или која било друга држава каде што луѓето возат на левата страна од патот, тогаш сè ќе биде наопаку и вие всушност ќе се движите кон десно. Токму затоа и овој автобус се движи во двете насоки, растегнувајќи се низ времето и просторот, засекогаш…
А сега, обидете се да ја искористите истата оваа логика во вашата глава, за помалку од секунда, исто како што би направило 10-годишно дете. Со оглед на тоа што децата се многу подобри при анализирање визуелните знаци и правење инстантни заклучоци базирани врз нив, тие секогаш ќе бидат подобри од возрасните за ваков вид загатки. Мааната кај возрасните е тоа што тие ги мешаат визуелните и другите видови сензорни знаци пред да дојдат до краен заклучок, правејќи ја нивната одлука побавна и можеби повеќе промислена. Иако тоа не е објаснување зошто повеќето возрасни воопшто не дошле до точниот резултат.