Оваа принцеза од Саудиска Арабија ги руши сите стереотипи за жените од Блискиот Исток
Амерах Ал Тавеел е 33-годишна принцеза од Саудиска Арабија која има неизмерна желба да го направи светот подобро место за живеење и поради тоа претставува голема инспирација за многу луѓе. Нејзината приказна е навистина неверојатна.
Принцезата Амерах е убава, самоуверена и храбра жена која има цел. Таа е голем хуманитарец и им помага на луѓето не само во Саудиска Арабија, туку насекаде во светот. Има посетено повеќе од 70 земји за да ги разбере и реши големите светски проблеми.
Принцезата се бори против сиромаштијата и последиците од природните катастрофи. Таа е дел од бројни хуманитарни организации, гради засолниште во Западна Африка, им пружила помош на жртвите од поплавата во Пакистан, отворила Центар за исламски студии на Универзитетот во Кембриџ и предводела мисија за да помогне во Сомалија.
Таа била меѓу првите жени во нејзината земја која одбила да носи абаја, долг, широк фустан кој го крие целото тело и започнала да носи европска облека. И покрај тоа, во нејзините префинети и модерни модни комбинации честопати може да се забележи по некој детаљ во традиционален стил.
Стилот не е единствената работа што го разликува начинот на живот на принцезата Амерах од традиционалниот живот. Таа вози автомобил, има завршено високо образование во САД и има диплома за бизнис и администрација. Принцезата смета дека сите жени од нејзината земја треба да имаат право на избор кога станува збор за овие работи и се обидува тоа да го направи реалност.
Принцезата Амерах е совршен пример за личност која поседува неверојатна убавина, интелигентен ум и добро срце. Нема сомнеж дека таквите луѓе го прават светот подобро место за живеење.