Оваа оптичка илузија ќе ви открие каква личност глумите дека сте во љубовта

Оваа оптичка илузија ќе ви открие каква личност глумите дека сте во љубовта

Сите ние ставаме одредени маски кога ќе започнеме со нова врска. Тоа е сосема нормално, бидејќи сакаме да се претставиме во најдоброто можно светло. Но, што се случува кога врската ќе стане сериозна? Погледнете ја оваа слика и дознајте каква личност глумите во врските така што ќе го забележите првото нешто што ќе ви падне во очи.

1. Машки профил

Ако прво го забележавте машкиот профил, вие глумите дека сте личност што не се плаши од ништо во врските.

Кога ќе почнете нова врска, која пак, ќе почне да станува сериозна, вие сакате да делувате како личност што нема да дозволи ништо да ѝ застане на патот при формирање цврста романтична врска. Вие глумите дека ништо не може да ве растрепери, дури и ако во себе чувствувате само терор од оваа нова поврзаност.

Обидете се да запомните дека не сте сами во врската. Вашиот партнер ќе се чувствува многу подобро ако ги споделите со него сите ваши надежи и стравови. Ако делувате како да имате натприродна контрола над емоциите, тоа само ќе ве раздвои.

2. Маж што свири на флејта

Ако прво го забележавте мажот што свири на флејта, тогаш вие глумите дека сте личност што секогаш ја гледа светлата страна на врската.

Кога сте се запознале, вие сте биле центарот на настаните, па сега не ни можете да замислите да дозволите оваа личност да верува дека сте престанале да бидете животот на забавата. Дури ни на минута. На крајот на краиштата, што ќе помисли тој ако си земете една слободна вечер? Дека сте губитник?

Ниту еден човек не може нонстоп да биде машина за забава. Ако оваа личност навистина сака да биде со вас, и покрај тоа што ќе ја обожава вашата дива страна, ќе сака да ја искуси и онаа помирната, што вклучува целовечерни прегратки на удобниот кауч, пред телевизор.

3. Жена со цветна круна

Ако прво ја забележавте жената со цветна круна, тогаш глумите дека сте личност што нема бурен темперамент во врските.

Вие знаете дека последното нешто што еден човек би го сакал од својот партнер е хистерична личност без никаква контрола над своите емоции, па затоа и правите сè во ваша моќ постојано да изгледате смирено и сталожено. Вие веднаш по будењето цртате насмевка на вашето лице и без разлика на насоката во која ќе ви тргне денот, постојано изгледате добро расположено. Дури и ако страдате во себе.

Не постои ништо погрешно во тоа да го искажете својот гнев кога сте лути. Вашиот партнер многу подобро ќе ве запознае ако сте искрени за целиот спектар на емоции што ги доживувате. Исто така попрво ќе ги сфати вашите импулси отколку потребата да ги криете негативните чувства од него.

Погледнете ја и оваа оптичка илузија што ќе ви открие што ве прави чудни во врските и љубовта! Кликнете на првото нешто што ќе ви падне во очи и прочитајте го значењето…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар