Оваа незабележлива ситница на хемиските пенкала може да спаси нечиј живот
Хемиските пенкала со капаче, на чиј врв се наоѓа една мала дупка, на прв поглед не изгледаат како некоја магична иновација. Но, факт е дека оваа незабележлива дупка спасила многу животи досега, поконкретно, според последните истражувања, годишно спасува повеќе од 100 детски животи, а и доста голем број возрасни.
Хемиските пенкала со капаче, кои секојдневно ги користиме, во 1991 година доживеале еден редизајн кој на многумина не им изгледал како голема промена. Имено, дизајнерите на хемиските пенкала „Crystal Pen“, од познатата фирма „BIC“, направиле мала дупка на врвот од капачето, а оваа иновација ја поддржале сите останати големи производители на овој тип хемиски пенкала. Речиси никој не обрнал внимание на новиот дизајн, но токму поради него голем број деца, а и возрасни, го спасија својот живот.
За што станува збор?
Познато е дека малите деца често ставаат разни предмети во устата, дури и, ако им се на дофат, тоа го прават и со капачињата на хемиските пенкала. Возрасните пак, често ги џвакаат овие капачиња кога треба добро да се сконцентрираат или кога се нервозни. И кај децата и кај возрасните ваквото однесување може да предизвика гушење бидејќи лесно можат да го проголтаат капачето кое потоа ќе го затне душникот и ќе го оневозможи дишењето.
Во ваквите ситуации, тимот зад „Crystal Pen“ увидел дека дупката им овозможува на децата или на возрасните кои го проголтале капачето да добијат доволно воздух додека да пристигне итната помош, бидејќи тој може да помине низ отворот, како и низ душникот. Затоа денес многу од компаниите кои го произведуваат ваквиот тип хемиски пенкала редовно го употребуваат овој изум.