Оваа мечка го бира само најдоброто: Јаде единствено „пино ноар“! (Видео)

Оваа мечка го бира само најдоброто: Јаде единствено „пино ноар“! (Видео)

Сопствениците на семејното лозје „Наваро“ забележале црна мечка којашто со години ужива во лозовите насади од 40 хектари. После нејзините ноќни посети, таа зад себе оставала отисоци од шепи и празно лозје.

Оваа мечка го бира само најдоброто: Јаде единствено „пино ноар“! (Видео)

Но, оваа година виновата лоза „Фило“ во Калифорнија, за првпат ја забележала посетата на мечката со помош на сигурносните камери. Видеото подолу ни прикажува како мечката се вртка и застанува да касне од лозјето.

Мечката е навистина пребирлива, таа јаде само од грозјето „пино ноар“. И покрај тоа што на лозјето „Наваро“ се одгледуваат осум видови грозје, таа го бира најскапото.

„Драго ми е што го сака најскапото ‘вино’ што го произведуваме, иако за нас ова значи фрлена капка. Грозјето се одгледува во пооддалечен дел од лозјето којшто е на највисоката надморска височина, па претпоставуваме дека на мечката ова место ѝ е најдостапно, или пак полесно го забележува темното грозје, а можеби и едноставно таа само има изострен вкус“, вели Арон Бенет, еден од сопствениците на виновата лоза.

Земјоделските архитекти предложиле да се изградат „мечкини скали“ и огради за лозјето изработени специјално за да им посакуваат добредојде на мечките и со цел промовирање на природниот еко-систем.

„Како и да е, на крајот, мечката ќе отиде таму каде што сака да отиде“, Вели Бенет.

Кога ја забележале мечката на снимката, Бенет и неговото семејство објавиле компилација на посети од мечки и од други животни на лозјето. Содржината ја споделиле на Фејсбук, а снимката била прегледана околу 10.000 пати.

Семејниот бизнис се гордее со транспарентноста и односот со купувачите, а тоа го вклучува и начинот на којшто живеат со согласност со природата.

Погледнете го видеото:

Погледнете го и ова: Интернетот не може да престане да се смее на реакцијата на оваа мечка на пар што се венча во зоолошка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар