Оваа компанија го има совршеното решение за оние луѓе чиј нос е постојано смрзнат
Зимата доаѓа! Време е да направиме брза проверка на зимската облека за да бидеме подготвени. Голем и дебел капут? Проверено. Термо чорапи? Секако. Шал и капа? Да. Изгледа дека имаме сè, освен… како да го покриете најизложениот дел од телото што постојано ви е смрзнат? Изгледа дека оваа компанија од Велика Британија го има совршеното решение. Тие создаваат мини шалчиња за вашите носови, во најразлични стилови и бои.
„Идејата ми дојде во 2009 година, кога цела зима шетав со смрзнат нос“, вели основачот на компанијата, Сали Стил-Џоунс.
Бидејќи не сме навикнати на ваков топол моден додаток, на прв поглед тие изгледаат малку смешно. Но, кога ќе размислите, истото се случувало и со капите и шаловите на времето. Па, што мислите? Дали шалчето за нос ќе се пробие во светот на модата или пак, едноставно не е дојдено вистинското време за тоа?