Претходно
Оваа кокошка тргнала на пат околу светот со својот човечки пријател
24-годишниот Гјурек Суде од Франција, решил да тргне на пат околу светот со својот брод и со цел да има постојан извор за храна, решил да ја понесе со себе својата кокошка која се вика Моник. Но, многу брзо таа покажала дека е многу повеќе од мини фарма за јајца – таа станала неговиот најдобар сопатник кој некогаш го имал. Не само што несе околу 6 јајца неделно, таа редовно сурфа и плива, лови риби кои слетуваат на палубата, па дури и вози скирол заедно со својот човечки пријател. Погледнете го ова интересно и необично пријателство кое го привлече вниманието на целиот свет!