Претходно
Oваа јапонска мачка е најдобриот партнер за спиење на неговиот мал пријател
Токо е мачка која живее со едно семејство во Јапонија. Откако се родило бебето на неговите сопственици, тој е негов лојален партнер за играње, галење и постојано го следи насекаде. Токо е пријател кој расте заедно со неговиот омилен човек и секогаш е покрај него, чувајќи го од лошите соништа. Овие фотографии ќе ви го стоплат срцето и барем за момент ќе ве натераат да заборавите на реалноста и да помислите колку животот би можел да биде убав.