6 нови идеи како да го прославите вашиот роденден оваа година

6 нови идеи како да го прославите вашиот роденден оваа година

Секоја година иста приказна! Кога ќе дојде месецот на вашето раѓање, постојано ви доаѓаат идеи како би можеле да го прославите вашиот роденден, а тоа да биде поразлично, несекојдневно, како никогаш до сега… А на крајот се случува истото – одите со вашите пријатели на некоја журка. Евентуално ќе го промените ноќниот клуб или пијалакот што го пиете и тука завршува иновативноста. И најинтересниот дел, секоја година, ви е дувањето на роденденските свеќички. Но, доколку сакате оваа година вашата роденденска забава да биде оригинална, тогаш погледнете ги овие нови идеи за славење на роденденот, па можеби токму сега ќе ја пронајдете инспирацијата за вашиот роденден од соништата!

1-ovaa-godina-imajte-nezaboraven-rodenden-6-novi-idei-kako-da-go-proslavite-vashiot-rodenden-ovaa-godina-www.kafepauza.mk_

1. „Направи сам“ вечера

Наместо вашите сакани луѓе да ги однесете во некој ресторан на вечера, направете го тоа во рамките на вашиот дом, но нема да ја подготвувате сами, туку сите заедно ќе се вклучите. Можеби вашето момче сѐ уште не знае да направи обично турско кафе, но барем може да ја нареди масата. Што ќе зготвите, тоа ќе јадете, а сигурни сме дека ќе биде доста интересно да ги набљудувате луѓето што не знаат ништо да зготват во кујната. За среќа, тука е Интернетот, па ако и вие не сте по готвењето, можете да најдете многу туторијали кои ќе ви помогнат да зготвите нешто. Кој обожава да готви од вашите пријатели, тој ќе биде ѕвезда на вечерта!

2. Нешто што досега го немате направено, бидејќи се плашите, но навистина сакате да го пробате

Стравот ве спречил да скокнете од авион или да одите на картинг, но роденденот е вистинскиот момент да излезете од вашата удобна зона и да го направите тоа! Со пријателите, секако, така вашиот страв ќе биде помал. На овој начин ќе имате роденден кој ќе го памтите засекогаш, бидејќи навистина бил поразличен.

3. Нешто што отсекогаш сте сакале да го научите, а не сте го сториле тоа никогаш

На пример, да плетете, да научите стомачен танц или нешто друго. Секој има тајна страст. Затоа, прославете го вашиот роденден сосема поразлично и конечно научете го она за кое отсекогаш сте фантазирале!

2-ovaa-godina-imajte-nezaboraven-rodenden-6-novi-idei-kako-da-go-proslavite-vashiot-rodenden-ovaa-godina-www.kafepauza.mk_

4. Кампување

Ако не сакате класично патување кое сте го доживеале многупати досега, тогаш изберете кампување. Вистинско кампување, со шатори, логорски оган… Или пак нешто слично. Ослободете ја вашата фантазија! Соберете ги вашите пријатели и забавата нека започне. Да, ниту ваквиот роденден никогаш нема да го заборавите.

5. Нешто целосно детско

Без разлика на тоа колку години полните, никогаш нема да бидете премногу стари за да се потсетите како ви било во детството и роденденот да го поминете во некој забавен парк врескајќи на сите оние „справи за мачење“, на трамбулината, или на пејнтбол… Што било поради кое ќе ви „скокне“ адреналинот или поради кое ќе плачете од смеење.

6. Разгалете се

Вашиот роденден, на крајот на краиштата, е ваш ден. Затоа, посветете го целото внимание кон себе и почестете се со некои козметички третмани, спа третмани, масажи… Барем за вашиот ден чувствувајте се како принцеза!

3-ovaa-godina-imajte-nezaboraven-rodenden-6-novi-idei-kako-da-go-proslavite-vashiot-rodenden-ovaa-godina-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар