Оваа тинејџерка правела селфиња со мајка ѝ 4 години по ред, но последното ќе ви го скрши срцето
Доколку сакате да зачувате некаков спомен, претворете го во традиција. Прославувајќи го нивниот прекрасен однос, твитерџиката @nanatat07 и нејзината мајка, си правеле селфиња на секои 6 месеци, 4 години по ред, но нивната последна заедничка фотографија, расплака многу луѓе на Интернет.
„Вчера беше мојот последен ден на училиште. Секоја година, 4 години по ред, се фотографирав со мајка ми, на мојот прв и последен школски ден. Таа не можеше да биде покрај мене на последната фотографија, но нејзината сила, ме мотивираше да останам храбра до крај. Сиот мој напорен труд во животот ѝ го посветувам неа!“, напишала тинејџерката на Твитер.
За само неколку дена, нејзиниот твит собра повеќе од 558K допаѓања и 113K ретвита.
„Ви благодарам на сите за прекрасните зборови и за сета поддршка. Навистина многу ми значи тоа! Вашите коментари ме расплакаа, бидејќи никогаш ја немав видено големата поврзаност којашто ја имав со мојата мајка, на овој начин и навистина ми е драго за овие спомени“, објаснува девојката во подоцнежна објава.
Прва година
Втора година
Трета година
Четврта година
Може да ве интересира и ова неверојатно моќно писмо на една мајка до својата ќерка тинејџерка.