Оваа девојка никогаш не би помислила дека сексот за една вечер би можел да ѝ го спаси животот

Оваа девојка никогаш не би помислила дека сексот за една вечер би можел да ѝ го спаси животот

Судбината понекогаш знае да биде многу чудна и испреплетена со најразлични патишта. Таква била судбината и на оваа млада 22-годишна студентка која никогаш не би претпоставила дека човекот кој ѝ се допаѓал и кој го посакувала со месеци, на крајот ќе и го спаси животот. Таа само сакала да се впушти во уште една нова авантура, но се соочила со искуство кое засекогаш ѝ го променило животот. Прочитајте ја приказната која остави многумина без текст и која носи една многу моќна порака.

Оваа девојка никогаш не би помислила дека сексот за една вечер би можел да ѝ го спаси животот

Осум месеци барав изговор за да го видам. Тој беше адвокат кој имаше своја фирма и кој изнајмуваше простор во канцелариската зграда во која работев. Беше сингл, агресивен во судницата, многу интелигентен и шеф кој многу бара, но праведен и дарежлив. Имаше 39 години, темна коса и сини очи и зборуваше три јазици. Ги отпоздравуваше јапонските и корејските клиенти во лобито со конзервативно поклонување во знак на почит.

Јас имав 22 години и повремено работев како административен асистент додека ги привршував моите додипломски студии. Секојпат кога ќе го видев морав да се концентрирам за да останам при себе. Директниот контакт со очи ме возбудуваше до степен на глупост. Никогаш не сакаше долго да разговара, но беше културен и пријателски настроен. Барав и се надевав на некој знак на заедничка привлечност, но тој никогаш не покажа нешто што би ме натерало да помислам дека е заинтересиран за мене. Секогаш беше љубезен.

Го прославивме неговиот 40-ти роденден во неговиот дом, на забавата која беше организирана за 50-тина негови колеги, вклучувајќи ме и мене. Постојано се сервираа храната и пијалаци додека луѓето танцуваа и пливаа во неговиот базен. Неколку парови дојдоа со нивните деца и заминаа порано од другите, додека повеќето останаа до доцна во ноќта.

Ми се допаѓаше кога го гледав адвокатот во ваква опуштена средина, но ја изгубив целата контрола што ја имав кога го видов во неговиот костим за капење.

Таа вечер, бев во базенот и уживав во ладната чаша шампањ. Тој ми се придружи и флертуваше со мене, а јас му возвратив. Двајцата бевме малку поднапиени. Како што се навалив на страната од базенот за да си ја дополнам чашата, ги почувствував неговите прсти како се лизнаа на мојата половина додека тој стоеше зад мене. Ме фати за колковите и ме бакна на вратот. Дотогаш, многу од гостите останаа на забавата, пиејќи внатре во домот или спиејќи во гостинските соби. Јас останав за да бидам во негова близина.

Како што излеговме од базенот и се упативме кон неговата спална соба, така и моите нерви веќе почнаа да се смируваат. Тој беше самоуверен и физички добро граден, а неговите движења беа бавни и внимателни. Секоја минута помината во бакнување ме возбудуваше… Сѐ до оној момент кога тој нагло запре.

„Извини“, ми рече тој.

„Што не е во ред?“, го прашав.

„Чувствувам некакво топче во твојата града. Не сакав да запрам, но го почувствував.“

Го почувствувал? Што вели? Ова е толку непријатно!

Знаеше ли претходно за ова?“, ме праша, загрижено. Не можев да ги видам неговите очи во темнината, но знаев дека ми го бара лицето.

„Не“, одговорив, чувствувајќи се изложено на поинаков, непривлечен и непосакуван начин.

„Веројатно не е ништо. Извини, само се изненадив. Те молам не се срами“, ми рече, додека јас се покрив со чаршафот од креветот. Потоа станав и си заминав, пред оваа ситуација да стане уште посрамна.

Бев засрамена, но и малку во паника. Не ми беше жал што тој ми го кажа ова и две операции подоцна, му бев повеќе од благодарна.

Една недела по роденденската закажав преглед кај мојот лекар и тој ми потврди дека станува збор за тумор. Две години подоцна преку самоиспитување пронајдов уште еден тумор и ми беше закажана уште една операција. За среќа, туморите не беа малигни, но беа доволно големи за да мора да се отстранат.

Како резултат на ова малку непријатно искуство, сега сум посвесна и поредовна со моите прегледи и сум радосна што ги мотивирав и моите пријателки да бидат редовни со своите самоиспитувања.

Што се однесува до адвокатот, јас повторно закажав средба со него. Беше забавен и романтичен и иако нашата врска не траеше долго, сепак беше врска која ми го спаси животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

  1. Marta Reply

    Наравоучение: Имајте почесто секс за една вечер, може некој ќе ви најде тумор.

    • Кафе пауза Reply

      Кој како ќе си сфати… Во секој случај, друга е пораката…

      • Marta Reply

        Не знам јас тоа, во насловот пишува дека сексот за една вечер спасува живот.

        • Кафе пауза Reply

          Марта, во насловот го пишува тоа што го пишува, а тоа дефинитивно не е дека „сексот за една вечер спасува живот“. Ако сакаш така да ги сфаќаш нештата, ние не можеме ништо да направиме околу тоа, во секој случај и насловот и целата приказна имаат за цел да укажат дека и едно сосема неочекувано искуство може да доведе до откритие за нашето тело кое може да ни го спаси животот. Не мора да значи дека тоа мора да биде сексот за една вечер.

          Целта со текстот ни е да ја подигнеме свеста за оваа честа здравствена состојба која може да го чини животот. И насловот и текстот се јасни во тоа. Ако твојата цел е да ја критикуваш нашата работа, благодарни сме за инпутот, но следниот пат би замолиле тоа да биде за нешто издржано, а не за еднострана извртена интерпретација на напишаното.

          • Marta

            WOOOW! Во ред е, ја сфатив целта на приказнава. Сите ја сфатија целта на приказнава! Тоа што не го сфати никој е мојата смисла за хумор, ама јас не можам да направам ништо околу тоа. Во секој случај, фино што сакате да ја подигнете свеста за тумор и сето тоа… Продолжете така!

Остави коментар