Оваа девојка била сексуално нападната на улица, но нејзиниот напаѓач не знаел важен детаљ за неа
26-годишната билдерка и тренерка Лијана Кар била во посета на Даблин, Ирска пред една недела. За жал, нејзиното искуство не било целосно позитивно. На 21 април, таа објавила фотографија од своите потечени зглобови откако удрила човек што сексуално ја нападнал на улица.
„Додека одев по улиците на Даблин претходната недела, еден човек ме грабна за задник“, пишува таа во објавата на социјалните мрежи. „Потоа почна хистерично да се смее и рече: ‘Ти си Американка, сигурно ти се допадна тоа’. Изгледа фактот што патував сама ме направи похрабра, па мојата прва реакција беше да го удрам во лице.“
На прв поглед Лијана изгледа како и секоја друга прекрасна и слатка девојка која го привлекува вниманието на мажите околу неа. Но, тоа не е причина да се наруши личниот простор со такво однесување, и човекот што го направил тоа навистина го заслужил ударот. За многу жени, сексуалниот напад е болно непријатен настан, што ги прави да се чувствуваат збунето и вознемирено, па затоа и не го споделуваат со никого. Но, тоа не бил случајот со Лијана.
„Јас не сум насилна личност и никогаш досега немам удрено никој… но, толку многу се налутив и адреналинот во мене ме натера да го удрам. Го погодив во образот, силно“, објаснува таа.
Таа исто така признава и дека ако нападот се случил на појавно место, можеби и немало да има доволно самодоверба за оваа реакција, но сепак не е сигурна како точно би реагирала. А откако ѝ се намалил адреналинот, дури и се запрашала дали реагирала правилно и да не можеби нејзината реакција била претерана. Но, откако ја објавила фотографијата и добила поддршка од илјадници непознати луѓе, таа сфатила дека нејзината реакција била на место и дека човекот ја заслужил оваа болна лекција.
„Можеби не сте виделе сексуално вознемирување, но тоа не значи дека не постои“, вели таа. „Без разлика на тоа во која држава сте. Ова се случува секојдневно и голем број од жените не знаат како да реагираат. Во минатото можеби би била премногу шокирана и би си заминала, а можеби и премногу исплашена па би молчела. А тој човек, сигурно би продолжил да го прави истото и на други жени“, признава Лијана.
Таа дополнува и дека никогаш не го користи својот профил на Твитер за внимание, но овој пат го споделила искуството со цел да им докаже на жените дека се доволно силни да се изборат за себе. Не мора да бидете билдерки или каратистки за да се справите со вакви напади, вие сте доволно силни да се одбраните во секој случај. Исто така, вината никогаш не е кај вас. Затоа и не смеете да молчите за настанот и треба да се погрижите тој што ја надминал границата да биде соодветно казнет.
Прочитајте и за овој сингл маж што ја доби титулата татко на годината откако посвои 4 деца со посебни потреби!