Ова слатко маче не може да најде дом поради необичната шара на неговото лице

Ова слатко маче не може да најде дом поради необичната шара на неговото лице

Мачките се едни од најнеодоливите и најсаканите животни во светот. Без разлика дали спијат по цел ден на нашата работна маса или пак, безгрижно ги туркаат сите објекти сместени на работ од полиците – тие се едноставно премногу слатки за да ги мразиме. Дури и кога имаат шара во форма на пенис на своето лице. Дефинитивно не е ретко да се видат животни со необични форми по нивното крзно, но мачката Дејзи, што живее во засолниште во Сиднеј е најверојатно најнесреќната. Сакајќи да ѝ помогнат, голем дел од луѓето што ја виделе изјавиле дека формата на нејзиното лице повеќе делува на лисица, знак за мир, срце, тотем на орел, ангел… Што мислите вие? Се надеваме дека ова маче ќе биде брзо посвоено бидејќи тоа заслужува љубов!

Кучето Џаспер ќе ве освои за миг: Само погледнете го овој снежнобел весел лик!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар