Ова не е вистинско девојче, ова е компјутерски робот кој фати над 1.000 педофили
Холандската организација за заштита на децата, Terre des hommes, ќе ви ги отвори очите за една од најужасните работи кои се случуваат во светот. Предупредување, доколку сте осетливи подобро не го гледајте ова видео бидејќи со сигурност ќе почувствувате грчеви во стомакот.
Ова е приказната за Свити, 10-годишно девојче од Филипините која за време на 10-неделно истражување помогна да се пронајдат и идентификуваат 1.000 педофили ширум светот.
Свити, исто како и многу други деца од сиромашни земји, секој ден седнува пред компјутер и се допишува со мажи од побогати земји. Мажите бараат од неа да ја соблече нејзината облека и да се допира, а истото го прават и тие. Во ерата на брзото поврзување, педофилите не мора да патуваат во заостанати и сиромашни земји за да стапат во контакт со младата и ранлива група граѓани. Тие го имаат интернетот.
Но, она што не го знаат е дека Свити не е вистинско девојче туку компјутерски модел создаден да ги пронајде мажите кои го прават ова. Идејата е да се запре оваа злоупотреба на децата на интернет која се шири брзо како епидемија.
Вакви злосторства се случуваат илјадници пати во текот на еден ден. Страшно е кога ќе се помисли дека истите тие мажи можеби имаат семејства, дека другиот ден заминуваат на работа како и сите останати. Уште пострашни се податоците кои велат дека од педофилите кои се пронајдени со помош на Свити, само 6-мина биле осудени за педофилија.
Додека Свити се допишува со мажите, луѓето кои стојат зад овој проект ги идентификуваат нив на социјалните мрежи и без да ги хакираат нивните компјутери ги наоѓаат нивните лични податоци. Во рок од само 2 месеци се идентификувани 1.000 педофили и нивните досиеја се предадени на Интерпол.
Злоупотребата на децата е криминал кој се случува секаде ширум светот.
Запаметете, она што е сон за педофилите, за децата е кошмар! Преземете акција против злоупотреба на децата на интернет. Потпишете ја петицијата тука.
Погледнете го целото видео.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.