Ова маче седи стуткано покрај ајпад. Причината ќе ви ги насолзи очите.
Вообичаено кога ќе помислиме на кучиња и мачки не ги поврзуваме со пријателство. Но, оваа приказна ќе ви покаже поразлична димензија за односот помеѓу кучето Чарли и мачката Скаут. Тие од првиот ден се засакале толку многу што се дружеле до последниот ден од животот.

Кучето Чарли умрело пред 2 недели од рак. Мачката Скаут го сакала повеќе од сè.

Мачката ја донеле во домот кога имала пет и пол месеци. Таа не можела да спие доколку не била прилепена до кучето.

Постојано сакала да биде до него. Тие станеле најдобри другари.

Тој бил толку љубезен со неа, што ѝ дозволувал да прави што ќе посака.

Дури и заедно ги јаделе оброците.

Таа сакала да му ги душка ушите. А неговиот израз покажува дека и нему му се допаѓало тоа.

Каде и да тргнел тој, таа била покрај него.

Сè додека не починал. Па, газдата го ставил таблетот на креветот на кучето за да ѝ пушта на Скаут видео клипови од нејзиниот пријател.

Ги гледала клиповите, а потоа се свиткала до таблетот.

Неа и на газдата многу им недостасува нивниот голем, сладок пријател – Чарли.