Претходно
Ова куче си нема поим што прави
Ова талентирано и трпеливо куче се вика Бејли. За неа не знаеме многу освен дека многу сака да спие. Според зборовите на нејзината сопственичка, таа е вистинска заспана убавица, која со затворени очи поминува повеќе од 20 часа на ден.
Сопственичката на овој златен ретривер дошла до една урнебесна идеја – ја вметнува во смешни ситуации, правејќи човечки работи, и секако, во тие моменти изгледа сосема збунето. Крајниот резултат – крајно забавен и смешен. 🙂