Ова куче не можело да јаде ако не стои исправено, па неговото семејство му направило специјално столче

Ова куче не можело да јаде ако не стои исправено, па неговото семејство му направило специјално столче

Кучињата се најдобриот пријател на човекот, се согласувате? Тие се секогаш тука да ве расположат на лош ден, да направат нешто будалесто за да ве насмеат и секако, да ве дружат додека јадете. Токму затоа и воопшто не е чудно што видеата со кучињата се едни од најпопуларните на Интернет. Но, неодамна еден гиф го привлече вниманието на многумина. На него можеме да видиме куче што седнува во некаков вид столче и добива храна. Објаснувањето под гифот е дека кучето има дигестивни проблеми и дека неговото семејство му изградило столче за да може да јаде.

Станува збор за Дејзи, саканото милениче на Даг и Грејс. Пред неколку години, Дејзи била дијагностицирана со автоимуна болест наречена мијастенија гравис. Болеста предизвикува различни нивоа на ослабување на мускулите на скелетот. Ветеринарот сметал дека оваа болест довела и до зголемување на хранопроводот кај Дејзи, правејќи ѝ да ѝ биде тешко да ја турка храната и течностите во нејзиниот стомак.

Токму затоа и ветеринарот им предложил на Даг и Грејс да ѝ направат специјален механизам наречен „столчето на Бејли“ со цел да ѝ помогнат да јаде. Семејството брзо го изградило, правејќи го најудобно што можеле, бидејќи Дејзи морала да ги јаде сите нејзини оброци во таа позиција. Мотивирана од храната, Дејзи брзо научила како да го користи столчето и оттогаш нејзиното здравје се подобрило. Таа не само што научила како да живее со нарушувањето, туку и ужива во новиот изум на семејството. Погледнете…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар