Ова истражување открива какви очи и каква коса преферира посилниот пол

Ова истражување открива какви очи и каква коса преферира посилниот пол

Иако физичкиот изглед не е најважен и не е пресуден, сепак не можеме да го занемариме фактот дека сите имаме одреден тип кој нѐ привлекува. Некогаш тој зависи од бојата на косата, некогаш од неодоливиот поглед, а некогаш личноста ни е атрактивна и слатка без разлика на физичките карактеристики.

0-ova-istrazhuvanje-otkriva-kakvi-ochi-i-kakva-kosa-preferira-posilniot-pol-kafepauza.mk

Со оглед на тоа што честопати се прашувате какви девојки им се допаѓаат на момците (не грижете се, целосно ве разбираме), ние се потрудивме да го дознаеме одговорот на ова фрапантно прашање.

Во едно истражување во кое учествувале 2.000 мажи на социјалната мрежа Badoo, тие одговарале на прашањето каква боја на коса и каква боја на очи преферираат кај женскиот пол.

Жал ни е русокоси, но момците сепак повеќе сакаат бринети и тоа со сини очи. 60% од посилниот пол изјавиле дека темната коса во комбинација со сини очи им е најпривлечна, додека мал процент (8%) изјавиле дека русокосите се најжешки.

Сините очи се најпосакувани според 40% од машката популација, а зелените се на дното од оваа листа со само 17%. Па веројатно затоа Бред Пит ја избра Анџелина Џоли, наместо Џенифер Анистон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар