Ова е Коко и таа навистина сака да стои на своите задни нозе
Изгледа дека Коко, женка од расата малтезер има слушнато за предизвикот Word Up од Cameo и одлучила да одговори на предизвикот. Откако нејзините сопственици ја научиле на овој трик, Коко постојано ги крева своите две шепи. Сега, дури и луѓето околу неа не можат да сторат ништо за да ја спречат. Таа го прави тоа каде сака и кога сака.
Сопствениците на Коко решиле да го документираат нејзиниот начин на забава. Тие креирале нејзин профил на Инстаграм за кученцето ( и нејзината сестра Кики) и редовно прикачуваат фотографии од нив. Повеќе од 231.000 луѓе ги следат авантурите на Коко и Кики, и со тоа тие се меѓу најпопуларните сестри-кучиња на Интернет!
Сопствениците имале малтезер скоро 13 години пред Коко, но тој починал. Тие биле многу тажни и затоа решиле преку Интернет да побараат друга женка од оваа раса, па ја запознале Коко. Таа била земена од локален одгледувач во Аризона, според изјавите на згрижувачката на Коко, Кејти Лошнер.
7 месеци откако Коко станала дел од семејството, тие решиле да земат уште еден малтезер за нивното кученце да има пријател. И така ја добиле Кики. Коко всушност била тетка на Кики.
Коко е супер слатка, љубезна и нежна, вели сопственичката. Таа додава дека кученцето на моменти се однесува како човек и не обожава да си игра со своите играчки, туку преферира да седи до нејзините сопственици и тие да ја галат по стомакот.
Коко многу лесно ја усвоила обуката за стекнување навики. За само една недела откако почнале да ја тренираат, таа веќе одговарала на наредбата „седи“, а следната недела и на наредбата „долу“. Потоа почнала и да се превртува, па дури и да се поздравува со шепата! Ќерката на Кејт, Џеси, изјавила дека таа управува со профилите на Коко на социјалните мрежи. Другото кученце не им било толку паметно, знаеле дека Коко е посебна! Коко подоцна научила и да седи правилно како што можете да видите на фотографиите подолу. Тие ја учеле да седи, и потоа сама да се исправи, но нејзе и било возбудливо да ги става шепите во воздух и постојано го правела тоа.
Предизвикот „шепите горе“, започнал како наредба за „седи правилно“. Џеси ја научила да го користи задниот дел од каучот за потпора за да може да ја држи главата горе. Со текот на времето, Коко самата застанувала и ги кревала шепите горе, и сега таа тоа го правела цело време без никаква помош. Сопствениците не можеле да ја спречат да го прави тоа и не можеле да престанат да и се радуваат. Таа свесно го привлекувала нивното внимание на тој начин. Таа била навистина паметна и ова го правела секогаш за време на ручекот, за да го поделат со неа!
Според Џеси, Коко обожава храна и била подготвена да научи сè за да добие вкусна закуска. Таа верува дека во неа постојат „човечки особини“, бидејќи разбирала сè што ѝ зборуваат, дури и кога барале да погледне во камерата, таа директно гледала во неа.
На Кики не и се допаѓа камерата толку многу како на Коко, па таа не се појавува многу често на Инстаграм. Споствениците никогаш не ги присилувале кучињата да прават нешто што не сакаат. И двете „добри девојки“ се обучени кучиња за терапевтски услуги и се ангажирани во детска болница во Феникс. Сопствениците сакаат да измамат насмевки на лицата на луѓето кои ги следат кученцата и да шират радост преку нивните постови, но и додека кученцата работат во болницата.
Можеби сакате да прочитате и како случајна повреда при раѓање го оставила ова кученце со едно уво и тоа ги освојува сите со својот изглед на еднорог.