Ова е една од најстарите воени тврдини во светот која денес привлекува голем број туристи!

Ова е една од најстарите воени тврдини во светот која денес привлекува голем број туристи!

Тврдината Арк која се наоѓа во северозападниот дел на Бухара, главниот град на истоимената провинција во Узбекистан, денес претставува една од најпосетените туристички дестинации во оваа земја.

Ова е една од најстарите воени тврдини во светот која денес привлекува голем број туристи!

Била изградена во 5 век како воена тврдина, но служела и како резиденција на локалните владетели, официјалните службеници, учители и уметници.

Легендата вели дека ја изградил народниот херој Сијавуша за својата сакана, при што тврдината го опкружувала целиот град во тогашно време. Тврдината се смета за најстарата градба во Бухара, а нејзините ѕидови се на висина од 16 до 20 метри.

Во текот на својата долга историја, регионот бил честопати под опсада на непријателските војски, а како воена тврдина се користел сè до 1920 година кога бил освоен од страна на Русите.

Денес на ова место се наоѓаат неколку музеи кои сведочат за долгата и богата историја на Бухара.

Откако прочитавте за историјата на оваа тврдина, можеби ќе сакате да прочитате и за најубавите градови во светот опкружени со ѕидини.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар