Ова е единствената причина зошто треба да го направите она кон што се стремите
Сите имаме свои цели, соништа и желби кои сакаме да ни се остварат. Некогаш може да ни изгледаат недостижни, дури и глупави. Некогаш другите ќе нè обесхрабрат, а некогаш ќе се обесхрабриме самите себе. Која е вистинската причина поради која треба да ги реализираме нашите желби?
Овој интересен стрип ќе ве поучи на најголемата причина поради која треба да го остварите вашиот сон.

Секој ден добивам мејлови од надежни писатели кои бараат совет како да станат писатели.

Еве го единствениот совет кој можам да го дадам:

Не творете со намера да заработите пари… бидејќи никогаш нема да заработите доволно.

Не творете доколку сакате да станете познати, затоа што никогаш нема да се стекнете со доволно слава.

Едноставно правете подароци за луѓето.

И напорно работете на правењето на тие подароци со надеж дека луѓето ќе ги забележат.

Можеби ќе забележат колку напорно сте работеле…

А можеби и нема.

Ако не забележат… знам дека тоа е фрустрирачки.

Но на крајот, тоа не менува ништо, бидејќи вие не сте одговорни за луѓето за кои го правите подарокот…

Туку за самиот подарок.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.