Ова бебе зебра е родено со точки по телото наместо со линии
Зарем има нешто послатко од ова? Оваа зебра со точки е забележана во Кенија и Интернетот веднаш полуде со реакции. Не само што е уникатна и слатка, туку нејзината појава и конечно може да ја разреши дилемата дали зебрите се вообичаено црни со бели линии или бели со црни линии.
Специјалистот за див свет Пармали Лемеин открил дека ова е прв случај на зебра со точки во Националниот резерват Масаи Мара во Кенија. Според него, веројатно зебрата има меланизам, што е состојба спротивна на албинизмот. Но, за жал, слични зебри со оваа состојба во минатото не доживувале повеќе од 6 месеци живот во Африканските паркови. Според некои научници, линиите на зебрите се формираат кога се стопира создавањето на меланинот, што значи дека животното најверојатно е сепак црно со бели точки, а не обратно.
Фотографите Раул Сачдев и Антони Тира успеале да направат неколку прекрасни фотографии од ова ретко животно, па да уживаме во нив – сепак тие прикажуваат ретка појава во природата.
Погледнете и како како изгледа детенце на магарица и зебра.