Отворена првата дискотека под вода?

Отворена првата дискотека под вода?

Здосадено ви е да излегувате во стандардните летни дискотеки, да се туркате и потите по гужвите? Можеби ви треба некакво освежување? Што мислите за журкање во подводна дискотека? Чувството е необично, движењата се бавни и спонтани, сите се голи и дефинитивно нема повеќе да ви биде жешко. Јако нели!? 🙂

Сигурно срценцето ви зачука малку посилно од вообичаено, но оваа дискотека сепак не е реалност. Видеото е снимено од страна на компанијата „Thinkmodo“ со цел рекламирање на подводнитe часовници „TechnoMarine“. За потребите на рекламата е направен овој подводен клуб, кој е сместен 4 метра под вода, во воен базен за тренирање на нуркачи.Отворена првата дискотека под вода?Со оваа креативна и необична реклама тие ја поттикнуваат идејата за отворање на еден ваков клуб, меѓутоа останува дискутабилно прашањето како би консумирале пијачки во него, со оглед на фактот дека под вода морате да носите шлемови. Инаку шлемовите кои ги носат нуркачите во клубот се целосно функционални, набавени од „Sea Trek“, достапни и во комерцијална продажба, што значи дека оваа идеја можеби и не е толку невозможна.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар