Отстранувањето на крајниците може да ви ги зголеми шансите да останете бремени

Отстранувањето на крајниците може да ви ги зголеми шансите да останете бремени

Хируршкото отстранување на слепото црево и на крајниците се познати како „апендицит“ и „тонзилектомија“. Овие процедури се вообичаени во нашата земја, но откритијата од најновите истражувања можеби ќе ве изненадат. Според нив, жените кои имале апендицит или тонзилектомија полесно забременуваат од оние кои не подлегнале на овие хируршки зафати. Добро прочитавте! Доколку ги извадите крајниците или слепото црево, можете да забремените полесно за разлика од жените кои ги имаат овие органи. Сигурно овој податок ви звучи чудно, со оглед на тоа што овие операции на прв поглед немаат никаква врска со репродуктивниот систем.

Отстранувањето на крајниците може да ви ги зголеми шансите да останете бремени

Истражувачите од Универзитетот во Шкотска ги анализирале медицинските досиеја на повеќе од 54.000 жени кои имале апендицит, повеќе од 112.000 кои имале тонзилектомија и повеќе од 10.000 жени кои ги имале направено и двете операции и ги споредиле со медицинските досиеја на 355.000 жени кои немале подлегнато на ниту еден од овие хируршки зафати. Шансите за бременост кај општата популација била 43,7%, но шансите кај жените кои имале направено некоја од овие операции биле значително поголеми и изнесувале 54,4% кај жените со апендицит и 53,4% кај оние со тонзилектомија. Жените кои ги направиле и двете операции имале уште поголеми шанси за забременување кои изнесувале речиси 60%.

Но, зошто се случува сето ова? Истражувачите немаат конкретно објаснување. Иако врската помеѓу бременоста и овие процедури е значителна, не постојат никакви докази дека тонзилектомијата и апендицитот се причини за забременување. Постојат голем број можни биолошки и бихевиорални објаснувања зошто овие операции може да се поврзани со зголемените шанси за бременост.

Иако потребно е да се направат дополнителни истражувања пред целосно да се разбере врската помеѓу бременоста и отстранувањето на слепото црево и крајниците, ова истражување им носи добри вести на жените кои можеби се загрижиле дека апендицитот може да ја намали нивната плодност. Тоа не може да се случи. Но, исто така жените не треба да мислат дека овие хируршки зафати ќе им ги зголемат шансите за бременост. Младите жени не би требало да подлегнуваат на апендицити и тонзилектомии само за да имаат поголеми шанси да забременат. Но, ако таквата операција им е потребна, таа нема да им ги намали шансите за бременост.

Ова истражување можеби покренува повеќе прашања отколку одговори, но едно е сигурно: Човечкото тело крие многу мистерии кои допрва треба да бидат истражени.

Во продолжение прочитајте ја вистината за бременоста по 40-тата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар