Откријте што кажуваат вашите нокти за вашиот карактер

Откријте што кажуваат вашите нокти за вашиот карактер

Дали сте знаеле дека ноктите имаат големо влијание при оставање на првиот впечаток? Тие можеби вам ви изгледаат мали или целосно незабележителни, но верувале или не можат многу да кажат за вашиот карактер. Пронајдете го вашиот стил и дознајте како другите ве проценуваат врз основа на нивната форма, големина и боја…

Откријте што кажуваат вашите нокти за вашиот карактер

Кратки и слатки – Вие сте госпоѓица Минималистка. Вие изгледате како личност која ги надминала сите глупости и која е многу „лесна за одржување“, но никогаш не дозволувате да ви кажат дека сте лошо друштво. На крајот од краиштата, која е потребата на долгите нокти доколку еден од нив ви се скрши за време на лудото танцување на најжешките викенд забави?

Долги и остри – Вие дефинитивно имате свој сопствен изглед и знаете како да го одржувате. Луѓето знаат дека не треба да си играат со вас. Вие ги одржувате ноктите долги со цел да направите модна изјава и токму затоа сите ви завидуваат. Потребно е многу храброст за да ги одржувате вашите нокти долги и под контрола, па токму затоа не се плашете да ги покажете.

Несредени – Ноктите едноставно не се дел од вашите модни декорации. Но, тоа не значи дека немате други начини на кои можете да се издвоите од толпата. Не се плашете одвреме-навреме да ставите боја на вашите нокти, бидејќи и покрај тоа што ја обожавате вашата секојдневна рутина, понекогаш е добро да најдете начин на кој ќе ја разбиете малку монотонијата.

Средени и со силни бои – Доколку сакате да се издвоите од топлата, честитки! Вие сте го пронашле совршениот начин за да го постигнете тоа. Луѓето забележуваат дека вие се грижите за себе и дека сакате да се разгалувате. Доколку често ги менувате силните бои на вашите нокти, тогаш сигурно имате и репутација како девојка која тешко се одлучува на нешто. Но, добрата вест е што луѓето секогаш ви се обраќаат за најновите трендови.

Темни и бурни – Вашите темни нокти секогаш го привлекуваат најдоброто внимание. Луѓето мислат дека сте комплексни и длабоко интересни, па токму затоа не бидете изненадени доколку ви пристапуваат непознати личности додека ги чекате вашите пријатели во бар. Темните бои на вашите прсти секогаш предизвикуваат да изгледате секси, дури и доколку носите неколку слоеви облека.

Хаос настанат од грицкање на ноктите – Верувале или не, луѓето можат да ја забележат состојбата на вашите нокти и таа може да влијае врз впечатокот кој го оставате. Знаеме дека сте зафатени, но дланките се првите нешта што луѓето ги забележуваат и токму затоа треба да почнете да се грижите за нив. Доколку продолжите да ги игнорирате вашите нокти, вие несомнено ќе продолжите и да оставате впечаток на личност која не се грижи за себе.

Гола неутралност – Сите околу вас мислат дека сте екстремно зафатени и дека дури и во моментов треба да бидете некаде. Вие сте доживувани како професионална и чиста личност, која понекогаш е премногу ладна. Неутралните бои ги издолжуваат вашите прсти, но не ви помагаат многу при истакнување на вашиот моден стил. Обидете се да не бидете толку сериозни цело време.

Француски маникир – Вие сте безвремена класика, скоро како Одри Хепберн. Овој изглед никогаш не старее и луѓето ве сметаат за личност која сака да ги заврши работите на одреден и специфичен начин. Но, имајте на ум дека доколку постојано го одржувате овој изглед, луѓето можат да помислат дека сте малку ригидни. Токму затоа нареден пат кога ќе одите во салон за нокти, одберете дизајн кој барем на неколку нокти ќе ви воведе малку свежина. Може токму овој чекор ќе ви го донесе вниманието кое веќе некое време го чекате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар