Откријте нешто ново за себе: Кое од овие 5 животни ве фасцинира најмногу? - Part 2

Откријте нешто ново за себе: Кое од овие 5 животни ве фасцинира најмногу?

Мечка

Откријте нешто ново за себе: Кое од овие 5 животни ве фасцинира најмногу?

Симболика на мечката:

  • Примарното значење на духовниот водач мечка е сила и доверба,
  • Борба против тешкотиите, преземање акција и водството,
  • Духот на мечката означува дека е време да се лекувате или да ги искористите сопствените лековити сили за да се лекувате себеси или другите,
  • Мечката ја нагласува потребата од осаменост, време во тишина, одмор,
  • Духот на мечката ви овозможува да застанете цврсто на земја.

Карактеристики на мечката

Духот на мечката е силен извор на поддршка во тешки времиња. Овозможува храброст и стабилна основа за соочување со предизвици. Кога мечката се појавува како духовен водач во вашиот живот, можеби е време да се борите за вашите уверувања и за вистината.

Ова моќно животно ќе обезбеди поддршка и сила. Мечката ви дава и насоки во животот. Ова животно е воодушевува со неговата сила. Неговото присуство предизвикува почит.

Неговата сила и крупно тело ќе ве охрабрат да го преземете водството во вашиот живот и да стапите во акција без страв.

Кога се повикувате на моќта на тотемската мечка, размислете за квалитетите на вашата внатрешна сила, бестрашноста и довербата во себе.

Бидејќи мечката честопати се поврзува со шаманите во многу традиции, овој животински дух може да се поврзе и со способноста за лекување и исцелување на себеси и на другите.

Мечката е животно кое живее осамен живот. Тоа може да значи дека наоѓате рамнотежа и удобност во осаменоста. Присуството на ова моќно животно може да укаже на потребата да се „прегрупирате“ и да поставите граници за да се чувствувате удобно во вашиот личен простор.

Може да биде покана да пронајдете време за себе, далеку од метежот и вревата и да се одморите во тишина.

Сокол

Откријте нешто ново за себе: Кое од овие 5 животни ве фасцинира најмногу?

Симболика на соколот:

  • Соколот е гласник на духовниот свет,
  • Ја користи моќта на фокусирање,
  • Го презема водството во вистинско време,
  • Остар и јасен вид,
  • Силна приврзаност кон духовното, зголемена духовна свест.

Карактеристики на соколот

Соколот може да се издигне високо и без напор да стигне до небесата. Како и повеќето тотеми со птици, ова моќно животно честопати се смета за гласник што носи пораки од духовниот и невидливиот свет.

Кога соколот се појавува во вашиот живот, внимавајте на пораките што ги носи и отворената интуиција. Сокол како духовно животно нè повикува да се фокусираме на нашите дневни обврски. Кога чувствувате присуство на тотемот сокол не се откажувајте и фокусирајте се на вашата тековна задача. Во исто време, соколот може да се издигне и да лета високо на небото.

Ако ова животно е ваш тотем можеби е време помалку да се фокусирате на деталите и да се насочите на повисоките цели.

Потпирајќи се на моќта на соколот јасно може да се види што е пред вас и да им пркосите на сите пречки што може да се појават. Специфичниот начин на кој функционира соколот целосна и јасна посветеност на остварување на замислите.

Сокол е птица грабливка. Кога го имате ова животно како духовен водач, таа ја потенцира вашата способност да ги водите и да влијаете врз другите луѓе. Кога соколот е присутен во вашиот живот, тоа би можело да значи дека е време да преземете повеќе иницијатива и да бидете активни.

Соколот ја симболизира моќта на набљудување. Тој може да укаже и на тоа дека имате можност да ја проучите ситуацијата пред да преземете акција. Набљудувајте ја ситуацијата и постапувајте во вистинскиот момент.

Соколот како духовно животно е поврзано со моќта на јасниот вид. Ако имате сокол како тотем, имате способност јасно да ги согледувате ситуациите. Оваа способност може дури да ја користите за да ги постигнете своите цели во животот.

Исто како што соколот може да гледа детално и на големи растојанија, можеби можете да го видите и она што другите не можат да го видат. Може да имате афинитет за разоткривање на големите мистерии на животот и дивинацијата во една или друга форма.

Кога се појавува во вашиот живот, треба да го искористите претходното искуство за брз духовен развој.

Лисица

Откријте нешто ново за себе: Кое од овие 5 животни ве фасцинира најмногу?

Симболика на лисицата:

  • Брза физичка или ментална реакција, зголемена свесност,
  • Лукавост, итрина, видовитост,
  • Способност да го пронајдете својот пат, снаоѓање во тешки ситуации,
  • Тенденција за ноќни активности и толкување на соништата.

Карактеристики на лисицата

Кога лисицата се појавува во вашиот живот како животински дух, таа поттикнува акција и брзи, вешти маневри. Можеби сте во ситуација кога треба да ја покажете вашата прилагодливост и способност за брзо движење низ пречките и бариерите.

Ако сте инспирирани од тотемот лисица, можете да работите на развивање на острината на вашите ментални способности: аналитичката интелигенција, моќта за дедуктивно расудување, набљудувањето како начин на кој се справувате со секојдневните проблеми или проекти. Духот на лисицата, исто така, може да значи дека сте ја засилиле претпазливоста и брзината на реакција.

Појавата на лисица во вашиот живот може да значи дека ќе мора да обрнете внимание на луѓето или околностите што може да ве измамат и ве натераат да тргнете по патека што не ви оди во прилог. Овој животински дух може да влијае да бидете поразумни во односот со другите, без разлика дали сте на работа или со пријателите.

Лисицата како духовен водач може да ве научи како да ги надминете пречките и да се соочите директно со нив.

Ако лисицата е вашето духовно животно, тоа може да ве упати на тоа како да се однесувате кога ве оспоруваат или мамат. Треба да го одржувате силното чувство за хумор и да бидете мудри по научените лекции.

Силата на лисицата е во големата поддршка за развој на вашата способност да го пронајдете најострото и најпаметното решение за секој проблем. Сетете се на ова животно секогаш кога ќе се чувствувате изгубено и ви треба помош за да го пронајдете патот.

Лисиците се најактивни ноќе, но тие се и дневни животни. Ако имате приврзаност кон овој животински тотем, можеби сакате да бидете активни и креативни во текот на ноќта бидејќи тоа ви дава простор да бидете поблизу до вашата природна состојба, но и дење добро се снаоѓате.

Можеби сакате и да изберете слика за да добиете совет што ќе ви помогне во кризните периоди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар