Откријте колку драстично е променет модерниот брак во споредба со оној од неодамнешното минато
Скоро сите луѓе со тек на време посакуваат да стапат во брак, но за разлика од порано, причините се многу променети. Според една неодамнешна студија, бракот во денешно време најмногу се одбира поради децата, а не поради економската стабилност како пред 30-тина години. Интензивното вложување во децата е најголемата причина зад модерниот брак.
Професорот Шели Лундберг, еден од авторите на студијата вели:
„Во економија специјализирана според половите, каде што мажите и жените играат сосема различни продуктивни улоги, вие на долг рок треба да ја штитите послабата страна, која во овој случај се жените. Но, со оглед на фактот што образованието на жените се зголемило, па можеби дури и го надминало тоа на мажите, тие станале многу повеќе фокусирани кон своите работи и кариери, резултирајќи со таков вид економски разлики кои ја поддржуваат поделбата на трудот во домаќинството.“
Но, бракот значи различни нешта за различни делови од општеството. Професорот Лундерберг продолжува со објаснувањето:
„Тоа што можеме да го видиме е неверојатна наклонетост кон традиционалните бракови помеѓу оние кои имаат повисоко образование и поголем приход.“
Сè поголем број образовани жени со добра плата поминуваат повеќе време со своите најмали, за разлика од пред 30 години. Кога станува збор за времето и парите, оние со подобро образование и повисоки приходи го зголемиле и своето инвестирање во децата, значително повеќе од оние со помали приходи. Тие имаат доволно знаење и ресурси да им помогнат на своите деца да станат економски независни на начин што изгледа невозможен кај оние кои имаат помалку ресурси. Професорот Лундерберг заклучува:
„Ако погледнете во група луѓе на 50-тина година кои биле во брак, разликите во нивното образование се многу мали. Но, она што ги издвојува е времето на бракот. Голем дел од жените кои се само со средно образование го имаат првото дете сами или пак со партнер со кој не се во брак. Тоа ретко се случува кај жените со факултетска диплома или повисоко образование кои повеќе преферираат да стапат во брак, а потоа да имаат дете.“