Откријте кои биле 5-те најважни градови во Римската Империја

Откријте кои биле 5-те најважни градови во Римската Империја

Во екот на својата моќ, Римската Империја се протегала на територијата на Западна Азија, Северна Африка и голем дел од Европа, особено областа околу Средоземното Море. Во тоа време, Римјаните ја имале најсилната војска на светот и таа била основа за нивната моќ. Империјата оставила длабока трага врз модерната култура, законодавство, архитектура, уметност и наука.

Откријте кои биле 5-те најважни градови во Римската Империја

Ве водиме на прошетка низ градовите кои биле темел на една од најмоќните империи во историјата на човештвото.

Рим

Главниот град на Италија бил и главен град на античката империја. Неговото влијание било огромно и растело како што растела моќта на Римската Империја. Повеќе од 1000 години, Рим се сметал за еден од најмоќните и најзначајните градови во светот. За тоа придонеле и неговата географска положба, реката Тибар и близината на Медитеранот. Во денешен Рим ќе наидете на многу потсетници од таа славна доба. Најпознати се секако Колосеумот, Пантеонот и Римскиот форум.

Откријте кои биле 5-те најважни градови во Римската Империја

Ефес

Ефес бил еден од најважните пристанишни и економски центри како и трет по големина град во Римската Империја. Згора на тоа, тој бил најголемото пристаниште на азиските провинции на империјата. Градот кој се наоѓа на територијата на денешна Турција, во минатото бил важен центар на христијанството.

Откријте кои биле 5-те најважни градови во Римската Империја

Картагина

Римјаните ја окупирале Картагина за време на Пунските војни кога градот бил целосно уништен и запален, а потоа повторно изграден поради неговата геополитичка локација. Се наоѓал на територијата на денешен Тунис, а за историјата на градот сведочат многубројните остатоци од амфитеатарот, термалните бањи и бројните римски вили.

Откријте кои биле 5-те најважни градови во Римската Империја

Александрија

Овој град се сметал за интелектуална престолнина на империјата и место каде биле собрани најпознатите филозофи, научници и математичари. Уште од времето на древниот Египет, Александрија била сметана за интелектуално најразвиен град во светот. За ова сведочат и остатоците од кралската александриска библиотека.

Откријте кои биле 5-те најважни градови во Римската Империја

Константинопол

Престолнината на Источното римско царство била дел од Патот на свилата и исклучително важен трговски центар. Градот бил замислен како „новиот Рим“ и поради неговото геополитичко значење набрзо се претворил во богата и моќна престолнина. Од руините на Константинопол денес се издига Истанбул, величествениот економски и културен центар на Турција кој изобилува со споменици од златната доба на Источното римско царство.

Откријте кои биле 5-те најважни градови во Римската Империја

Откако прочитавте кои биле најзначајните градови на Римската Империја, можеби ќе сакате да откриете и 16 неверојатни историски поклопувања.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар