Откријте го волшебниот свет на Мароко: Земјата за која сите чуле, но малкумина ја познаваат
7. Моментално, Мароканците живеат во 2967 година
Поголемиот дел од жителите во земјата се Бербери и според нивниот календар, тие живеат во 2967 година. Иако официјалниот календар на кралството е ист како и сите други календари што се користат на планетава, во 2011 година тамазигтскиот (берберски) јазик станал официјален јазик во Мароко, заедно со арапскиот.
8. Не смеете да одбиете јадење со месо во Мароко
Во Мароко, јадењата со месо и чај играат важна улога во врската помеѓу гостинот и домаќинот. Одбивањето месо се смета за некултурно однесување. Исто така, не смеете да јадете со левата рака, бидејќи таа рака се смета за „нечиста“. За време на јадењето треба да ги користите само палецот, показалецот и средните прсти на десната рака.
9. Црниот дроб наместо срцето
Во Мароко симболот на љубовта не е срцето, туку црниот дроб. Се верува дека здравиот црн дроб овозможува подобра дигестија и благосостојба. Реченицата „Ми го освои црниот дроб“ се смета за љубовна изјава.
10. Дрвото што се користи за декорација на ентериерот во автомобилите Ролс-Ројс расте само во Мароко
Црвено-кафеавата мароканска тука расте само во подножјето на планините Атлас. Станува збор за многу ретко и убаво дрво што се користи за производство на табли со инструменти за Ролс-Ројс, Мерцедес и BMW.
11. Недостаток на нафта и бензин
Поради недостаток на нафта и бензин, Мароко активно работи на тоа да развие алтернативни извори на енергија. Кралот Мохамед Шести неодамна ја започна последната фаза од изградбата на најголемиот комплекс за соларна енергија во светот, кој се наоѓа во пустината Сахара. Оваа градба со висока технологија е најголемата станица за соларна енергија во светот.
12. Постои град во Мароко што е целосно обоен во сино
Во Мароко постои град каде што целите улици и згради се бојадисани во сино. За време на 1930-тите, Шефшауен станал дом на група еврејски доселеници кои бегале од нацистите. Овие луѓе ги бојадисале зградите во нивната света боја. Современите Мароканци намерно ја продолжуваат традицијата и градот изобилува со сини тротоари, клупи, огради и слично.
13. Ако ве поканат во марокански дом, немојте да покажувате восхит кон работите што ќе ги видите внатре
Ако ве поканат во мароканска куќа и ви се допаѓа некој предмет, немојте на глас да ја покажете вашата восхит. Во спротивно, ќе ве замолат да го понесете предметот со себе. Ова се случува поради стравот од злобното око: Мароканците веруваат дека во нивните домови не смее да има работи што предизвикуваат завист.
Во продолжение погледнете ги величествените тавани на џамиите.