Откријте дали сте емоционално поинтелигентни од другите преку овие шест прашања
Светскиот економски форум неодамна открил дека емоционалната интелигенција е една од најпосакуваните особини за личен и професионален развој. Големите светски компании обрнуваат сѐ поголемо внимание на емоционалната интелигенција на луѓето кои ги вработуваат бидејќи сметаат дека тоа влијае врз успешниот развој на нивните компании. Се смета дека луѓето со поголема емоционална интелигенција подобро работат со другите, склони се кон иновациите и се отворени за нови идеи.
Луѓето со висока емоционална интелигенција се способни да се контролираат себеси и знаат како да останат мирни и позитивни во тешки ситуации. Ви нудиме шест прашања со кои може да откриете дали сте поинтелигентни од другите кога станува збор за емоциите. Одговорете со да или не.
1. Дали сте често свесни за своите чувства и зошто така се чувствувате?
2. Дали сте свесни на своите лични силни страни, но и за ограничувањата?
3. Дали сте способни добро да управувате со своите лоши емоции и дали можете брзо да се смирите доколку почувствувате такви емоции?
4. Дали имате способност да разбирате и сочувствувате со другите?
5. Дали избирате секој ден да живеете позитивно?
6. Дали сте задоволни со себе, со тоа што сте?
Едноставно е, колку повеќе позитивни одговори имате, толку сте емоционално поинтелигентни. Доколку на сите прашања одговоривте со „да“ тогаш имате неверојатно високо ниво на емоционална интелигенција. На тоа треба да бидете горди бидејќи ве красат многу особини. Ова се некои од тие особини.
Самосвест и управување со чувствата
Емоционално интелигентните луѓе ги препознаваат своите емоции и се свесни како со тоа влијаат на околината. Добро ги контролираат своите чувства, и склони се на анализирање на причините и последиците на случувањата.
Способност за донесување добри одлуки
Знаат добро да ги анализираат сопствените постапки, па дури и ги предвидуваат последиците од работите кои не се случиле. Затоа се добар материјал за лидерски позиции во компании.
Борба со стресот
Знаат како да се опуштат, бидејќи се свесни колку е тоа важно за квалитетен живот. Низ годините сфатиле како стресот влијае врз нив, и не сакаат тој да има контрола врз нивниот секојдневен живот.
Сочувствување
Многу добро знаат како се чувствуваат другите и зошто е тоа така. Го вреднуваат туѓото мислење и не мислат дека тие се секогаш во право или дека се најпаметни на светот.
Самооткривање
Добро знаат дека е потребно да се биде отворен кон другите, без предрасуди. Точно знаат кога и како треба да се зборува за чувствата и добро го проценуваат туѓото однесување.
Прифаќање и преземање одговорност
Свесни се за своите недостатоци, но и за своите вештини. Свесни се за својот успех и за што се способни, и од друга страна често признаваат дека грешат и преземаат одговорност.
Самодоверба
Зрачат со самодоверба, не се грижат што другите зборуваат за нив, иако секогаш ги слушаат критиките. Знаат да се извинат кога е потребно, и не се воопшто пасивни.
Знаат кога да водат, а кога да следат
Тие константно ги набљудуваат другите луѓе и нивните потези. Ако заклучат дека нивното водење ќе биде корисно, тоа ќе го направат. Но, ако видат дека е некој подобар во нешто, без проблем ќе го следат.
Добра комуникација
Со разбирање разговараат за чувствата и со загриженост ги слушаат другите луѓе. Но ако заклучат дека соговорникот има лоши намери, тогаш се тргаат од него. Таквите ситуации ги сметаат за губење време и позитивна енергија.
Подготвени се за компромис
И во приватниот и во професионалниот живот. Тоа е бидејќи се свесни за другите луѓе -нивните чувства, таленти, потреби итн.
Следно, прочитајте што е најважното нешто за градење цврста емоционална интелигенција?