Островот на вечната пролет – Тенерифе
Автор: Бојана Мандевска
Малиот рај на земјата спаѓа во групата на Канарските острови. Тенерифе е шпански остров, сместен во Атлантскиот океан, во близина на брегот на Африка. Тој е најголемиот и најпознат од Канарските острови.Тенерифе е вулкански остров, кој се создавал и менувал со последователни ерупции во текот на неговото постоење. Најстариот планински масив во Тенерифе се издигнал во Атлантскиот океан како резултат на вулканска ерупција која го создала островот пред дванаесет милиони години. Главниот град на Тенерифе, Санта Круз де Тенерифе, воедно е и главен град на Канарските острови. Популацијата на Тенерифе изнесува 906.854 жители.Тенерифе е меѓународно познат како „Остров на вечната пролет”. Островот е на иста географска ширина како и пустината Сахара, а карактеристично за него е топлата клима преку цела година. Во зима температурата се движи од 20 до 22 степени Целзиусови, додека во лето од 26 до 28.И покрај својата мала површина, Тенерифе има извонредна еколошка разновидност, што е резултат на карактеристичните услови на островот. Ова е остров со богата и разновидна флора на кој виреат околу 1.400 видови растенија. Истото може да се каже и за фауната, островот е богат со околу 400 видови риби, птици, влекачи, водоземци, морски желки, делфини и китови.Најразвиена гранка на Тенерифе е туризмот. Островот е еден од најпосетуваните локации во светот. На него има многу споменици и музеи, особено од времето после освојувањето на островот. Интересни и важни локалитети кои треба да се посетат се катедралата Сан Кристобал де Ла Лагуна, замокот Сан Андрес, пештерата Сан Блас, пирамидите Гулмар, кулите Санта Круз, музејот на историјата на Тенерифе, музејот на антропологијата на Тенерифе и други.Постојат неколку традиционални, важни настани и прослави кои се одржуваат на Тенерифе, а кои се привлечни за голем број туристи. Карневалот на Санта Круз е најважниот настан, кој е посетуван од голем број туристи и е прогласен за фестивал од меѓународен туристички интерес. Се слават и празникот на девицата од Канделарија и празникот на Кристо де Ла Лагуна.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
son za sekogo
Bravo za avtorot Bojana !!! Ja imam taa sreka i cest da ziveam na ovoj prekrasen rajski ostrov, i definitivno tekstot i slikite se najdobroto od Tenerife !!! Bravo za izborot !!!