Островите на Флорида – рај на земјата

Островите на Флорида – рај на земјата

Флорида е дом на илјадници помали и поголеми острови, атоли и заливи. Покрај брегот на Флорида се распространети 1.700 од кои најпознат е островот Естеро на кој се наоѓа прекрасната плажа Форт Маерс.

Островите на Флорида – рај на земјата

Островот Амелија

Островот Амелија претставува тенка бариера помеѓу Флорида и Џорџија. Овој остров е познат по пријатната клима, а од плажите најпозната е плажата Фернандина каде што се сместени градбите на Националниот регистар на историски места.

Островите на Флорида – рај на земјата

Мајами Бич

Песочните плажи, прекрасните хотели во арт-деко стил и целовечерните забави се синоним за Мајами Бич. Островот е широк само еден километар и се наоѓа блиску до брегот на Мајами. Најдобро време за посета на Мајами Бич е од први до четврти декември, за време на фестивалот на уметноста во Мајами.

Островите на Флорида – рај на земјата

Островите Санибел и Каптива

Санибел и Каптива се острови кои успеале да ја зачуваат природната убавина во југозападниот дел на Флорида и да ја заштитат од индустрискиот развој. Туристите може да уживаат собирајќи школки и ракчиња по плажите, а љубителите на птици може да го посетат Националниот природен резерват за животни, каде што живеат 272 различни видови птици.

Островите на Флорида – рај на земјата

Островот Анастасија

Најпозната туристичка атракција на островот Анастасија е градот Свети Августин, најстариот град кој бил постојано окупиран и основан од Шпанците во 1565 година. Привлечна за туристите е и прошетката низ Најстарата куќа, како и Мостот на лавовите. За оние кои повеќе сакаат да се релаксираат, тука се многубројните мотели на плажата кои немаат историски шарм, но затоа се одлични ако сакате да го почувствувате песокот меѓу прстите.

Островите на Флорида – рај на земјата

Ки Вест

Ки Вест некогаш беше последна станица на 106-километарскиот архипелаг на коралните острови и рај за хомосексуалците и хипиците. Денес Ки Вест е станица за туристите кои ги преплавуваат крајбрежните барови и продавници. Географски, Ки Вест е поблиску до Хавана, Куба, отколку до Мајами. Овој остров е полн со историја, а меѓу многуте знаменитости, најпознат е музејот кој порано бил дом на Ернест Хемингвеј.

Островите на Флорида – рај на земјата

Островот на ѕвездите

Како што кажува самото име, Островот на ѕвездите е елитна населба во Мајами Бич која претставува рај за богатите и славните. Иако стражарницата која се наоѓа на влезот на оваа населба создава илузија на ексклузивност, Островот на ѕвездите е целосно отворен за јавноста. Најдобар начин да ги видите куќите на Глорија Естефан, Пи Диди и Шекил О’Нил е да се одлучите за крстарење покрај Островот на ѕвездите.

Островите на Флорида – рај на земјата

Плажата Свети Пит

Плажата Свети Пит е најпозната плажа во заливот Тампа. На оваа плажа има одлични вечерни забави, а истовремено е доволно мирна за сите оние кои сакаат да се релаксираат. На плажата Свети Пит се наоѓа препознатливото летувалиште во розова боја, Дон Цезар, како и многу други ексклузивни хотели.

Островите на Флорида – рај на земјата

Ки Ларго

Ки Ларго е рај за љубителите на нуркањето и подводните истражувања. Се протега на 112 километри квадратни во Коралниот национален парк. Оние кои сакаат да пливаат заедно со рибите, тука може да видат околу 600 различни видови тропски риби.

Островите на Флорида – рај на земјата

Островот Марко

Островот Марко се наоѓа во близина на Нејплс, во југозападниот дел на Флорида. Целиот остров е опкружен со диви места кои личат на пустини, а во средината се наоѓаат оази од плажи и хотелите Хилтон и Мериот, како и многу други луксузни апартмани.

Островите на Флорида – рај на земјата

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар