Основачот на TED ги споделува неговите омилени TED говори

Основачот на TED ги споделува неговите омилени TED говори

Крис Андерсон, основачот на TED ги споделил своите омилени говори, притоа објаснувајќи зошто му се допаднале. Секој од говорите трае околу 20 минути. Уживајте.

osnovachot-na-ted-gi-spodeluva-negovite-omileni-ted-govori-kafepauza.mk

1. Дејвид Душ: Хемиски ѓубриња што сонуваат за далечни квазари

„Овде слушаме еден физичар кој го изнесува својот став за моќта на знаењето. Ова е неверојатен говор полн со неочекувани пресврти. Тој ме убеди дека знаењето е многу повеќе отколку еден чуден трик измислен од еден вид на планетата Земја.“

2. Клеј Ширки: Институции наспроти соработка

„Во 2005 година Ширки зборуваше за тоа како мрежата создава нови модели кои треба да ги охрабрат институциите ‘да се помират’ и да им дозволат на други да работат за нив. Ова ме убеди дека секогаш треба да ризикуваме и да ги држиме најдобрите говори бесплатно.“

3. Ненси Еткоф: Среќата и нејзините изненадувања

„Ова е само еден говор од колекција за среќата што ми го променија мислењето. Но мислам дека ме направија и посреќен.“

4. Брајан Стивенсон: Мора да разговараме за неправдата

„Брајан зборуваше за тешка тема – расипаниот американски систем за правда. Тој ја имаше најдолгата овација во историјата на TED говорите.“

5. Стивен Пинкер и Ребека Голдстајн: Долгиот дофат на разумот

„Ова е навистина необичен говор. Беше направен во форма на Сократов дијалог. Тие дојдоа до заклучок дека разумот ја оформил историјата, иако понекогаш биле потребни стотици години. Ние би постигнале многу повеќе ако се слушаме еден со друг.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар