Ослободете се од стресот: Трик од 5 секунди кој делува како таблета за смирување

Ослободете се од стресот: Трик од 5 секунди кој делува како таблета за смирување

Стресот е дел од нашето секојдневие и никогаш не е лесно да се ослободиме од него. Но, помошта при опуштањето и елиминирањето на негативната енергија не се крие во лековите или зголемената физичка активност, туку во една едноставна техника која има позитивно влијание и на нашиот мозок и на нашето тело.

Ослободете се од стресот: Трик од 5 секунди кој делува како таблета за смирување

Една од најефикасните техники на опуштање, која веќе со векови се практикува во индиската ајувердска медицина, е всушност техника на дишење, кое во стресните ситуации се менува и дополнително ги зајакнува негативните емоции. Доколку сакате да ја испробате оваа древна техника, тогаш сѐ што треба да направите е да ја набљудувате следната слика.

Ослободете се од стресот: Трик од 5 секунди кој делува како таблета за смирување

Имено, тука се претставува геометриски облик кој во текот на временско растојание од 5 секунди се шири и потоа се враќа во првобитната состојба. Вежбата започнува во оној момент кога геометрискиот облик има форма на рамна линија и тогаш треба да започне вашето вдишување. Вдишувајте преку носот паралелно со зголемувањето на обликот, полнејќи ги своите бели дробови со воздух. Во оној момент кога анимацијата ќе почне да се намалува, тогаш започнете да издишувате низ устата и правете го тоа сѐ додека обликот не исчезне.

Вежбата повторете ја 5 пати, направете пауза од 1 минута, и потоа повторете ја уште 3 пати. Дишењето ја поместува дијафрагмата, а нејзиното движење ги масира внатрешните органи и го подобрува и варењето на храната и работата на бубрезите. Со правилното дишење се исфрлаат токсините од телото, се подобрува функцијата на нервниот систем и значително се намалува чувството на напнатост, анксиозност и болка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар