Ослободете се од овие штетни навики ако сакате да имате поцврсти гради

Ослободете се од овие штетни навики ако сакате да имате поцврсти гради

Постојат голем број причини поради кои со текот на годините, женските гради ја губат својата цврстина. Покрај внатрешните генетски фактори, постојат и надворешни причинители. Гравитацијата го чини своето и со текот на годините градите буквално свиснуваат. Но, за таквата појава придонесуваат и лошите навики кај голем дел од жените. Доколку сакате вашите гради да бидат цврсти, ослободете се од следниве лоши навики.

1. Кафе

(1)-Ослободете се од овие 8 штетни навики ако сакате да имате поцврсти гради

Според едно шведско истражување, кафето може да го намали обемот на градите. Во рамките на едно истражување за ракот на дојките, научници од Универзитетот во Линд дошле до ова откритие и заклучиле дека доволни се само 3 шолји кафе на ден за да настане намалување на градите. Но, тоа ќе се случи само доколку во себе имате еден одреден ген, па дури и тогаш треба време, за да се докаже дека токму кафето е причина за намалување на градите.

2. Премалку витамин Ц

(8)-Ослободете се од овие 8 штетни навики ако сакате да имате поцврсти гради

На телото му е потребен витаминот Ц за да се создаде еластично ткиво и колаген. Една чаша сок од портокал е идеална за внесување на потребната дневна количина од овој витамин. Покрај портокалот, делотворни се и житарките, јаткастите плодови, доматите, морковот и зеленчукот со зелена боја.

3. Пушење

(3)-Ослободете се од овие 8 штетни навики ако сакате да имате поцврсти гради

Еве уште една причина да прекинете со цигарите. Пушењето не е добро ни за вашите гради, затоа што ги разградува погоре споменатите колаген и еластин. Тие се клучни за еластичноста на кожата и за доволното количество сврзно ткиво.

4. Диета

(2)-Ослободете се од овие 8 штетни навики ако сакате да имате поцврсти гради

Кога се здебелуваме, масното ткиво се собира во различни делови од телото, па и во градите. Многу брзото губење на килограмите доведува до елиминирање на мастите и сврзните ткива, па со тоа и градите ја губат својата цврстина. Затоа, најдобро е да избегнувате поголема промена во телесната тежина.

5. Вежбате без спортско елече?

(4)-Ослободете се од овие 8 штетни навики ако сакате да имате поцврсти гради

Вежбањето ги обликува вашите гради и им ја дава потребната цврстина. Но, доколку не носите спортско елече, кое ќе ги држи вашите гради на место, постои веројатност да дојде до претерано истегнување на кожата.

6. Заштитете се од сончевите зраци

(5)-ослободете се од овие 8 штетни навики ако сакате да имате поцврсти гради

Во најголемиот дел од годината, градите не се изложени на сончеви зраци, така што овој дел од кожата е особено чувствителен кога ќе дојде летото. Користете крема за сончање, инаку кожата на градите многу брзо ќе ја изгуби еластичноста.

7. Лоша исхрана

(6)-Ослободете се од овие 8 штетни навики ако сакате да имате поцврсти гради

Доколку практикувате во одредени периоди да јадете само брза и масна храна, тоа значи дека на вашето сврзно ткиво не му се пишува најдобра судбина. Тоа, како што веќе споменавме, може да предизвика брзи промени на телесната тежина. Затоа хранете се балансирано.

8. Погрешни градници

(7)-oslobodete-se-od-ovie-8-shtetni-naviki-ako-sakate-da-imate-pocvrsti-gradi-www.kafepauza.mk_

Мислите дека ја знаете точната големина на вашиот градник? Доколку е тоа така, вие припаѓате во „апсолутното малцинство“ жени кои го знаат тој многу важен податок. Според едно истражување, дури 80 отсто од жените носат погрешна големина на градници. Тоа може да биде многу штетно, затоа што доаѓа до деформитет на обликот на градите и до опуштање на кожата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар