Ослободете се од непријатностите: Неколку трикови кои може да ги примените на вашето тело
Дали имате проблем да заспиете во текот на ноќта? Или пак чувствувате скокоткање во грлото кое не ве остава на мир? А можеби ви е потребна и итна помош со болката во забот? Ако одговорот на кое било од овие прашања е потврден, тогаш следниве трикови ќе ви бидат доста корисни. Покрај тоа, ќе дознаете и различни лекови за различни видови болка, кои најверојатно до сега не сте ги знаеле, а ќе ви бидат од огромна помош во непријатните ситуации. Погледнете ги овие неколку совети и наредниот пат изборете се со непосакуваните случки на полесен начин.
1. Ако имате проблем при заспивање, трепкајте брзо во рок од една минута.
2. Доколку очајно имате потреба да одите во тоалет, но во близина не постои, почнете да мислите на секс. Тоа ќе му го одвлече вниманието на вашиот мозок и до одреден степен ќе ви го ублажи притисокот што го чувствувате.
3. На крајот од туширањето пуштете ладна вода за да ја спречите појавата на акни. Ладната вода ги затвора порите и спречува да навлезат нечистотии и бактерии.
4. Доколку слушате нешто пред да отидете во кревет, наредното утро ќе го паметите подобро.
5. Истражувањата покажале дека десното уво е подобро при слушање зборови и говор, додека пак левото е подобро во слушање музика и други звуци.
6. Доколку сте во кревет и ви се врти, ставете го едното стапало на земјата. Ова ќе му помогне на вашиот мозок да се прилагоди на позицијата.
7. Ако имате мигрена, ставете ги рацете во студена вода и свиткајте ги.
8. Ставете дезодоранс на местото каде што сте каснати од комарец за да го спречите чешањето.
9. Ако се чувствувате поспани тогаш задржете го вашиот здив колку што можете подолго, а потоа ослободете го.
10. Штипнете се доколку не можете да прекинете да се смеете.
11. Запишете ги вашите чувства доколку сте под стрес за некој испит или пак сте вознемирени околу нешто.
12. Јадете маршмелоу за да ја ублажите болката во грлото.
13. Ставете една глава кромид до вас во текот на ноќта доколку имате затнат нос.
14. Почешајте си го увото ако чувствувате скокоткање во грлото.
15. Ако ве боли заб, тријте лед помеѓу палецот и показалецот. Ова ќе ја намали болката дури за 50%.
16. Притиснете го јазикот на горниот дел од вашата уста ако ви е „замрзнат“ мозокот по јадење сладолед.
17. Цврсто притиснете го јазикот зад вашите заби за да го спречите кивањето.
18. Дувајте на палецот за да го намалите пулсот.
19. Ако чувствувате гадење или ви се повраќа, свиткајте го палецот во тупаница и стиснете го цврсто.
20. Ако широко ги отворите очите и избегнете трепкање, ќе го спречите плачењето.