Ослабете гледајќи хорор филмови

Ослабете гледајќи хорор филмови

Сакате да ослабете малку, ама никако да се натерате да ја посетите теретаната? Постои начин да ги споите убавото со корисното, барем така тврдат научниците. Тие велат дека, можете да ослабнете и гледајќи филм, ама под услов да станува збор за хорор и тоа по можност да е многу страшен.Ослабете гледајќи хорор филмовиНаучниците откриле дека луѓето губат околу 113 калории во текот на гледање хорор филм од 90 минути, односно исто колку што се трошат во текот на пешачење од 30 минути. Филмовите кои ги држат гледачите во неизвесност, страв, грчење и паника, ги согоруваат калориите, а причината за тоа е побрзото чукање на срцето.

Гледањето на вакви филмови доведува до брзо ослободување на адреналин, предизвикан од интензивниот стрес и страв кој се случува повеќе пати во текот на филмот, а тоа доведува до согорување калории“ – вели Ричард Мекензи, кој е специјалист за метаболизам на универзитетот Вестминистер.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар