Оригиналните застрашувачки приказни кои стојат зад вашите омилени цртани од Дизни

Оригиналните застрашувачки приказни кои стојат зад вашите омилени цртани од Дизни

Сигурно веќе сте слушнале дека со текот на годините, бајките од Браќата Грим се „модификувани“ со цел да бидат попријатни за малите деца. Но, до кој степен се променети овие приказни? Започнувајќи од силувањето на Заспаната убавица, па сè до крвавата одмазда на Пепелашка, погледнете ги 7-те најзастрашувачки и најужасни оригинални приказни на добро познатите ликови од Дизни.

1. Пепелашка

Застрашувачките оригинални приказни на вашите омилени ликови од Дизни

Како вие мислевте дека завршува приказната: Во цртаниот филм од Дизни кој бил направен во 1950 година, Пепелашка и Принцот се венчаат и живеат заедно до крајот на нивниот живот.

Како навистина завршува приказната: Во бајките на браќата Грим, Ашенпутел и нејзиниот принц го добиваат својот среќен крај, но нејзините полусестри имаат крвав и застрашувачки крај. Во цртаниот филм сестрите беа приморани да живеат со својата љубомора кон Пепелашка, но во вистинската приказна една од нив ги сече своите прсти за да може нејзиното стапало да го собере во златната чевла, додека пак нејзината сестра ја отсекува својата пета. Но, тоа не е најлошо од сè. За време на свадбата на Ашенпутел и нејзиниот принц, гулаби долетуваат од рајот и им ги откопуваат очите на сестрите. Ужасно.

2. Малата сирена

Застрашувачките оригинални приказни на вашите омилени ликови од Дизни

Како вие мислевте дека завршува приказната: Ариел засекогаш е претворена во човек од страна на својот татко и до крајот на својот живот е среќна со нејзиниот сопруг, принцот Ерик. Колку убаво.

Како навистина завршува приказната: Во верзијата на Ханс Кристијан Андерсен, неговата сирена не посакала нозе само за да може да го добие момчето, туку поради тоа што сирените не одат во рајот како луѓето. Исто така, во неговата верзија од бајката, таа чувствувала како да оди врз ножеви секогаш кога ќе направела чекор. Но, тоа не е сè. Таа не успеала во својата мисија да го натера принцот да ја засака, кој доколку се заљубел во неа, неговиот бакнеж ќе префрлел дел од неговата душа во нејзиното тело и со тоа ќе ѝ овозможел задгробен живот. Токму затоа на денот на нивната венчавка, таа се фрлила во океанот и се удавила.

На страна од сè, оваа приказна на некој начин има среќен крај, бидејќи наместо да се претвори во морска пена, таа станала „ќерката на воздухот“, а со тоа добила втора шанса да ја заслужи својата душа. Сè што треба е да направи доволно добри дела.

3. Снежана

Застрашувачките оригинални приказни на вашите омилени ликови од Дизни

Како вие мислевте дека завршува приказната: Принцот со бакнеж ја буди Снежана и ја носи до својот замок. Исто така, Злобната кралица умира откако ќе падне од карпа.

Како навистина завршува приказната: На истиот начин, но повторно во верзијата од браќата Грим имало посуров завршеток за негативниот лик. Кралицата била поканета на свадбата на Снежана и принцот, што изгледа како добар гест, но откако пристигнала на свадбената забава ѝ дале пар жешки чевли од железо во кои била присилена да танцува до својата смрт.

4. Заспаната убавица

Застрашувачките оригинални приказни на вашите омилени ликови од Дизни

Како вие мислевте дека завршува приказната: Принцот го победува змејот, ја бакнува заспаната девојка и потоа танцува со неа додека ѝ се менуваат боите на фустанот.

Како навистина завршува приказната: Во приказната „Сонце, Месечина и Талија“ од 17-ти век, напишана од страна на Џамбатиста Басил, принцот не ја бакнува Талија која ја нашол како спие. Тој всушност бил крал и ја силувал. Таа се разбудила неколку месеци подоцна, со 2 близнаци, Сонце и Месечина, па дури потоа се нашла со кралот кој бил веќе во брак. Таа го добила својот среќен крај, но дури откако актуелната кралица се обидела да го натера кралот да ги изеде своите бебиња, поради што тој ја фрлил во оган и се оженил со Талија за казна.

5. Пинокио

Застрашувачките оригинални приказни на вашите омилени ликови од Дизни

Како вие мислевте дека завршува приказната: Пинокио го спасува Џепето од китот и токму затоа е награден од страна на Сината самовила со човечки живот. Џимини штурецот добива работа како лиценцирана совест.

Како навистина завршува приказната: Вистинската приказна од Карло Колоди е навистина ужасна. Тој го убива Џимини во првата сцена, а Џепето оди во затвор за немарност. Откако ќе излезе, кутриот Џепето го продава своето единствено палто за да му купи книга на Пинокио и да го испрати во училиште. Но, Пинокио ја продава својата книга за театарски билети и приказната од тука нагло се влошува. На крај, Фокс и Кет го обесуваат Пинокио за дрво, каде што ќе го остават да се загуши.

6. Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз

Застрашувачките оригинални приказни на вашите омилени ликови од Дизни

Како вие мислевте дека завршува приказната: Квазимодо не го добива баш својот среќен крај со Есмералда, но го прифаќа фактот дека таа не го гледа него на тој начин. Исто така, тој повторно станува дел од општеството откако ќе го победи злобниот Фроло и луѓето го обожаваат!

Како навистина завршува приказната: Бајката „Грбав“ била оригинално напишана од Виктор Иго, па можете да замислите како завршува оваа приказна. На кратко, Фроло ја обесува Есмералда, па Квазимодо го убива Фроло и на крај Квазимодо плаче покрај трупот на Есмералда кој се распаѓа и со тек на време умира од глад.

7. Лисицата и ловечкиот пес

Застрашувачките оригинални приказни на вашите омилени ликови од Дизни

Како вие мислевте дека завршува приказната: Тод го живее својот живот надвор, како лисица, а Купер продолжува со својот живот како ловечко куче и никогаш нема да ги заборават оние години кога другаруваа.

Како навистина завршува приказната: Дали седите? Добро. Затоа што во оригиналната приказна од страна на Даниел П. Маникс, Купер го брка Тод сè додека не умре од умор. Потоа сопственикот на Купер се преселува во дом за стари, но претходно го убива Купер со сачмарка. Толку од среќниот крај.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар